Лукаревска: Со данокот на солидарност ќе бидат опфатени 200 компании и се очекува околу 77 милиони евра да се влеат во буџетот

Од:

Околу 200 компании би требало да бидат опфатени со данокот на солидарност, соопшти директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска, а проценките се врз основа на евиденциските анализи што ги има направено УЈП согласно даночните биланси што ги имаат доставено компаниите во Управата.

-Зборуваме за споредбени податоци, 2022, 2021 итн. Очекувањата се дека околу 76-77 милиони евра би се влеале во Буџетот преку овој еднократен данок на солидарност, рече директорката на УЈП, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата посветена на постигнатиот договор за зголемување на платите на вработените во Управата.

Во однос на дејностите на компаниите кои ќе бидат опфатени со солидарниот данок и дали се тие поврзани само со енергетиката и оние кои оствариле големи приходи во време на енергетската криза, таа одговори дека се работи за подолг период.

-Независно, тука имаме споредбен период кој е малку подолг од енергетската криза во рамки на податоците, рече Лукаревска.

Собраниската Комисија за европски прашања вчера ја почна дебатата по амандманите за Предлог-законот за данок на солидарност, што со предложените измени на законите за ДДВ и за данок на добивка, се доставени од Владата со европско знаменце по скратена постапка.

Предлог-законот за данокот на солидарност, предложен од Министерството за финансии, предвидува воведување данок за солидарност за 2023 година како еднократна, вонредна и привремена јавна давачка, при што обврзник за плаќање на овој вид на данок е обврзникот на данокот на добивка согласно Законот за данокот на добивка, кој во 2022 година остварил вкупен приход поголем од 615.000.000 денари.

Би можело да ве интересира

Лукаревска: Вредностите секогаш не обединувале, и кога било најтешко и кога е најважно, да не го потцениме моментот, сега е најважно

Горан Наумовски

Лукаревска: Слободата и демократијата што ја имаме и живееме во изминатите седум години имаат своја цена

Горан Наумовски

УЈП ја објави новата листа на должници: 1801 фирма и 3606 граѓани должат 160 милиони евра

Орце Костов

Лукаревска oд Женскиот марш: СДСМ направи вистински чекори кон родова еднаквост и поголема вклученост на жените во општеството

А1он

Лукаревска: Жестоко ќе реагираме на секоја навреда, непримерен збор и потценувачки гест кон секоја жена од која било партија

А1он

Продолжување на рокот за поднесување ДДВ-04 пријави и надградба на ситемот е-ПДД