Лукаревска: Слободата и демократијата што ја имаме и живееме во изминатите седум години имаат своја цена

Од:

Денеска е 27 април, точно седум години од „Крвавиот четврток” во македонското собрание. Слободата и демократијата што ја имаме и живееме во изминатите седум години имаат своја цена. Сите големи успеси на СДСМ и на сите прогресивни граѓани имаат висока цена, ама вредеше, некои работи не смеат да се заборават, за да не се повторат. Затоа ние остануваме со граѓаните, со сите вас кои што верувате во единствениот исправен пат за државата, во членството во Европската Унија како најцврста гаранција за сигурна и безбедна иднина. Само заедно можеме да ја оствариме таа цел, зашто е наша, заедничка, изјави носителката во третата изборна единица, Сања Лукаревска.

Лукаревска истакна дека СДСМ е голема, силна партија, која што секогаш донесувала правилни одлуки за сигурна иднина на државата.

„Никогаш нема да се откажеме од нашите социјал- демократски вредности за слобода, правда, еднаквост и просперитет за сите граѓани, без поделби и раздор, без крвави сценарија. Ние веруваме во заедничка, подобра, европска иднина за сите граѓани. И на 8 мај, и по 8 мај, ќе покажеме и докажеме дека СДСМ има луѓе кои никогаш нема да отстапат од нашите вредности, ги браневме и ќе продолжиме со истата посветеност, за нас нема друг пат. Да продолжиме заедно, да покажеме одлучност, можеме, како и пред седум години, заедно со сите прогресивни граѓани за сигурна и безбедна иднина”, рече Лукаревска.

Би можело да ве интересира

Лукаревска: Вредностите секогаш не обединувале, и кога било најтешко и кога е најважно, да не го потцениме моментот, сега е најважно

Горан Наумовски

Лукаревска oд Женскиот марш: СДСМ направи вистински чекори кон родова еднаквост и поголема вклученост на жените во општеството

А1он

Лукаревска: Жестоко ќе реагираме на секоја навреда, непримерен збор и потценувачки гест кон секоја жена од која било партија

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Лукаревска место да поднесе кривична пријава до фирмите за криминал тежок над 22 милиони евра, таа ги става на листа на должници

Лукаревска од трибината во Куманово: Повеќе за сите е нашиот концепт за европска држава

Лукаревска: Повеќе за сите е успешната мерка Мој ДДВ со која вративме над 100 милиони евра кај граѓаните