Лукаревска oд Женскиот марш: СДСМ направи вистински чекори кон родова еднаквост и поголема вклученост на жените во општеството

Од:

Оваа година Меѓународниот ден на жената во светот се одбележува под мотото: „Инспирирај инклузија“ чија цел е да се охрабрат сите да реагираат кога жената не е вклучена во разговорот и во одлуките. Зашто вклученоста на жените е создавање на подобар свет, истакна заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска, на осмомартовскиот марш на СДСМ, што се одржа денеска во Кавадарци.

Лукаревска нагласи дека според истражувањата за глобалниот напредок кон еднаквоста, вистински степен на родова еднаквост во светот ќе биде постигнат за 100 години.

– Немаме толку време за чекање – вели таа и додава:

„Генерациите кои доаѓаат, сакаат и имаат право на поинаков свет. Горда сум што како Социјал-демократи во изминативе години направивме вистински, а не декларативни чекори за унапредување на правата на жените, законски измени кои суштински водат кон родова еднаквост и поголема вклученост на жените во општеството“, рече Лукаревска.

Таа додаде и дека рамноправноста е процес кој не смее да застане, барем не, сė додека жените се помалку вреднувани за работните задачи, не додека имаат помала плата затоа што се жени, за на крајот да имаат и помали пензии, уште пострашно е што жените и натаму се жртви на злоупотреба, на сексуално вознемирување, на семејно насилство, на трговија, на вербален линч, сè почесто се жртви на емоционална тортура чии лузни се невидливи, но далеку подлабоки, да не зборуваме за најтешката форма на насилство-убиство на жена само зашто е жена.

Лукаревска нагласи дека одамна е научена лекцијата лузните да бидат инспирација за мудрост, акција и солидарност.

Ајде да зборуваме не за битка за права на жените туку за моќта на еднаквоста и за придобивките од вклученоста на жените во општеството.

Зашто жените се силни, вредни, неопходни, порача заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска, од осмомартовскиот марш на СДСМ во Кавадарци.

Би можело да ве интересира

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа