Лондон предлага создавање зона на слободна трговија со ЕУ по Брегзитот

Од:

Британската Влада го усвои планот за идните преговори со ЕУ околу истапувањето на Лондон од блокот, со кој се предлага создавање на зона на слободна трговија меѓу Велика Британија и Унијата по Брегзитот, соопшти синоќа британската премиерка Тереза Меј.

– Владата ја усогласи заедничката позиција за нашите идни преговори со ЕУ. Нашиот предлог е да се создаде зона на слободна трговија меѓу Велика Британија и ЕУ со утврдени заеднички правила за размена на индустриски стоки и земјоделски производи, нагласи Меј по владината седница одржана во резиденцијата на британските премиери во Чекерс, на 70 километри северозападно од Лондон.

Мај нагласи дека со планот се предвидува создавање на нов царински модел, што ќе и овозможи на Велика Британија да склучува билатерални трговски договори со земји од целиот свет.

Таа најави и дека следната недела нејзината Влада ќе објави „Бела книга“ во која детално ќе биде образложено како Лондон планира „да ја поврати контролата над своите пари, своите закони и своите граници“.

Главниот преговарач на ЕУ за Брегзитот, Мишел Барние вчера изјави дека со нетрпение го очекува објавувањето на британската „Бела книга“ за да ги види позициите на Лондон за идните односи со ЕУ и да оцени дали се тие одржливи и реални.

Според Барние, во моментов се уште има премногу прашања и премалку одговори во разговорите меѓу ЕУ и Велика Британија за Брегзитот.

Британските медиуми наведуваат дека и покрај усогласената позиција околку идните преговори, Владата во Лондон и натаму работи и на сценарио за Брегзит без поситгнат договор се Брисел за истапувањето на земјата од ЕУ.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија