Кредиторите на Грција ќе одржат телеконференција за списокот на реформи

Од:

Кредиторите на Грција од 19-те земји од еврозоната денеска ќе одржат телеконференција за да ја дадат својата пресуда за списокот со реформски мерки кој Атина го испрати со цел да добие четири месеци продолжување на својата финансиска помош, која ќе ја одржи земјата во живот и ќе спречи евентуален излез од еврото, јави дописникот на МИА од Атина.

Електронското издание на „Катимерини“ објави дека плановите за реформи, кои вклучуваат мерки за справување со даночно затајување и корупцијата кои беа испратени во Брисел, „по се изгледа дека наидуваат на поволен одговор и во политичките кругови и на пазарите“.

Официјален претставник во Европската комисија, кој побарал да остане анонимен поради чувствителноста на преговорите, рекол дека грчкиот список „е доволно разбирлив за да биде валидна почетна точка“.

Дипломатот уште рекол дека Комисијата е „особено охрабрена од силната посветеност на борбата против затајувањето данок и корупцијата“ и оти списокот е составен „по конструктивна размена мислења во текот на викендот меѓу грчките власти и претставници на Комисијата и други институции“.

Во меѓувреме, германскиот министер за економија Зигмар Габриел изјави дека е „внимателен оптимист“ во врска со тоа дека е постигнат напредок во разговорите со Грција за продолжување на договорот, откако Атина го предаде списокот со реформи. Тој додаде дека се оди чекор по чекор со цел надминување на несогласувањата.

– Ние сакаме да ја продолжиме помошта за Грција, но условот за тоа е продолжување на програмата за реформи, изјавил тој во Берлин.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески