Контроли на УЈП и Пазарниот инспекторат во Битола, Прилеп, Ресен, Македонски Брод и Демир Хисар

Од:

Во периодот од 23 до 25 јануари полициски службеници од СВР Битола во содејство со инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи извршија акциски контроли во угостителските објекти на подрачјата на полициските станици Битола, Прилеп, Ресен, Македонски Брод и Демир Хисар, при што извршена е контрола во 28 објекти, соопшти денеска МВР.

На подрачјето на Полициската станица во Битола извршена е контрола во ноќен клуб „Расчекор“, ноќен клуб „Перон“, кабаре „Давидов“, кабаре „Лектира“, кабаре „Ѕиу“, ресторан „Жежо“, ресторан „Роки кај Цане Боксеро“, ресторан „Триангл – кај чупињата“, ресторан „Слатка Малинка“ и гостилница „Реванш“, при што издадени се вкупно четири покани за наплата на глоба и извшени се 79 проверки на идентитет.

Во кабаре „Давидов“ и кабаре „Лектира“ било констатирано непочитување на Законот за заштита од пушење, а во кабаре „Лектира“ биле затекнати седум малолетници после 24:00 часот, од кои кај шест било беше констатирано присуство на алкохол. Од  страна на инспекторите од УЈП и ДПИ, на правното лице кабаре „Давидов“ изречена му е парична казна од 2.500 евра во денарска противредност и мерка забрана за работа во траење од 15 дена поради неиздавање на фискални сметки за извршениот готовински промет, парична казна од 2.000 евра во денарска противредност и мерка забрана за работа во траење од 15 дена поради непочитување на забраната за пушење и парична казна од 1.250 евра во денарска противредност на одговорното лице во правното лице.

Во кабаре „Лектира“ констатирани се неправилности како непочитување на Законот за заштита од пушење и неистакнување на лиценца за вршење на угостителска дејност „кабаре“, меѓутоа поради недостаток на потребната документација, мерките ќе бидат изречени дополнително.

На ресторан „Триангал – Кај чупињата“, гостилница „Реванш“ и кабаре „Ѕиу“  изречена им е мерка парична казна од 1.200 евра за правното лице, како и 300 евра на одговорното лице во правното лице за сторени прекршоци од Законот за угостителска дејност. Во останатите објекти  не се констатирани неправилности.

На подрачјето на Полициска станица Прилеп, извршена е контрола во ноќен клуб „Даниелс“, ноќен клуб „Престиж“ и ноќен клуб „ВИП“ во Прилеп, „Кај Муфит“ и „Суки“ во село Лажани, како и кај „Цаневци“ и „Еџевит“ во село Дебреште, при што издадени се вкупно седум покани за наплата на глоба,  шест платни налози по ЗППЈРМ, извршени се две проверки на идентитет, а три лица се приведени.

При контролата било констатирано непочитување на Законот за заштита од пушење и присуство на две малолетни лица во ноќните клубови „Даниелс“ и „Престиж“, а од страна на инспекторите на УЈП во ноќниот клуб „Даниелс“ изречена е забрана за работа во траење од 30 дена поради немање на фискален апарат и неиздавање на фискални сметки. При извршената контрола во селата Лажани и Дебреште, утврдено е дека објектите биле затворени односно не работеле, а во останатите објекти не се констатирани неправилности.

На подрачјето на Полициската станица во Ресен, извршена е контрола во кебапчилница „Синан Компани“, кафе бар „Таверна“, гостилница „Оаза“, ноќен клуб „ Frame “ и  кафе бар „Из Голд“, при што извршени се три проверки на идентитет.  Од  страна на инспекторите од УЈП, на правното лице, ќебапчилница „Синан Компани“ изречена е парична казна од 2.500 евра во денарска противредност и мерка забрана за работа во траење од 15 дена поради неиздавање на фискални сметки за извршениот готовински промет и парична казна од 750 евра во денарска противредност на одговорното лице во правното лице. При контролата на останатите објекти не биле констатирани неправилности, додека кафе барот „ИЗ Голд“ во моментот на контролата бил затворен, односно не работел.

На подрачјето, пак, на Полициската станица Македонски Брод, извршена е контрола во кафе бар „Пот Чука“ лоциран во село Пласница, кафе бар „Кардинал“  и кафе бар „Фрст“ во Македонски Брод, при што не било констатирано непочитување на Законот за заштита од пушење цигари. Од  страна на инспекторите од УЈП и ДПИ, во  кафе бар „Пот Чука“ изречена е парична казна од 2.500 евра во денарска противредност и мерка забрана за работа во траење од 30 дена, поради прекршоци  од Законот за регистрирање на готовинско плаќање, Законот за угостителска дејност и Законот за трговски друштва. При контролата во село Пласница, констатирано е дека објектот бил затворен, односно не работел.

На подрачјето на Полициска станица извршена е контрола во кафе бар „Конект“,  мезе бар „Ивана“ и ресторан „Калц 2007“, при што  не е констатирано непочитување на Законот за заштита од пушење цигари. Од  страна на инспекторите од УЈП и ДПИ, на Мезе бар „Ивана“ изречена му е парична казна од 2.500 евра во денарска противредност и мерка забрана за работа во траење од 30 дена, и парична казна од 750 евра во денарска противредност за одговорното лице во правното лице, поради прекршок од Законот за регистрирање на готовинско плаќање. На правното лице Мезе бар „Ивана“, изречена му е глоба во износ од 1.200 евра за правното лице и 300 евра за одговорното лице во правното лице и на Ресторан „Калц 2007“ изречена му е парична казна во износ од 1.200 евра за правното лице и 300 евра за одговорното лице во правното лице, за работа без категоризација.

Оваа акциска контрола, како што информира МВР, е продолжување од контролата спроведена на 22 јануари на територијата од СВР Битола, со која беше извршена контрола во 16 угостителски објекти. Во три од нив биле констатирани неправилности во работењето и биле констатирани прекршоци по разни основи, а вкупната глоба за правните и одговорните лица достигна до 5.250 евра во денарска противредност.

Би можело да ве интересира

Домашен притвор за родителот што натепа наставничка и ученик во Битола

Директор на ЈП „Пазари“ Битола склучил јавна набавка со фирма избришана од Централен регистар

А1он

Петмесечно бебе со голема кашлица хоспитализирано во Прилеп

Вандали уништиле мермерни плочки околу спомениците – Урни во Могилата на непобедените во Прилеп

Претреси во Битола, приведени двајца дилери, пронајдена дрога

А1он

Четири работнички од Непал му избегале на газдата во Прилеп, случајот пријавен во полиција

Орце Костов