Домашен притвор за родителот што натепа наставничка и ученик во Битола

Од:

Домашен притвор за родителот од Битола, кој во училница за време на настава натепа ученик и наставничка.

Инцидентот се случи во ОУ „Даме Груев“ Битола, каде што, според полицијата, двајца родители физички нападнале соученик на нивното дете и наставничка додека одржувала час.

Причината за ваквото насилство бил нетрпеливиот однос меѓу две деца.

„На 15.05.2024 во СВР Битола, Р.М.(48) од Битола пријавил дека за време на настава во основно училиште во Битола, неговиот малолетен син бил физички нападнат од Р.Л. и Н.Л., родители на негов соученик.“, велат од СВР Битола.

Од СВР Битола потврдуваат и дека на „родителот Р.Л. му е одреден домашен притвор од 8 дена, и не смее да го напушта својот дом“.

Би можело да ве интересира

Безживотно тело на битолчанец извлечено од реката Драгор

Поплавени улици во Битола по обилниот дожд во градот

Обвинителството започна истрага за грозоморното убиство во Битола

Убиство во битолската населба Баир, жртвата е млада жена

Катерина Ѓуровски

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра