„Кепс Монт“ нема да ја преработува троската од Топилница: Градоначалникот на Велес не ја потпиша Б – интегрираната еколошка дозвола

Од:

Компанијата „Кепс Монт“ која го одложува опадниот отпад од велешка Топилница наталожен на ридот пред влезот на Велес, нема да ја преработува троската на лице место откако градоначалникот на Велес, Марко Колев не ја потпиша Б- интегрираната еколошка дозвола.

Компанијата достави до општината барсање за добивање, односно измена на Б –интегрирана еколошка дозвола за експлоатација на техногена суровина на локалитетот „Баш Колиби“ над Велес која и важи со 19 февруари 2026 година, а измената ја побара врз основа на Анекс на договор со Владата од 26 јуни 2023 година, решение од Министерство за животна средина од 31 мај 2023 и дозвола од министерството за економија од 1 ноември 2022 година.

„Под овие околности Б – интегрирана еколошка дозвола НЕМА да се издаде! Оттука, ги повикувам советниците кои во изминатиот период пласираа лажни информации во јавноста сакајќи да создадат лажна слика за политички поени нивните напори да ги продолжат пред државните институции кои се надлежни во конкретниов случај“, објави градоначалникот Марко Колев.

На ова му претходеше јавна расправа на која еден од газдтите на српско-македонската фирма „Кепс Монт ДОО Скопје“ тврдеше дека во изминатите неколку години ги добиле и ги имаат сите потребни документи од надлежните македонски државни институции и министерства како за екологија и еконoмија, за продолжување со работа на нивната фирма за екплоатација на јаловина со метали од таканаречениот „Црниот рид“ од скоро 30 годишното работење на Топилницата, а каде тие како фирма експлоатираат од крајот на 2018 односно oд почетокот на 2019 година, а за што го очекуваат и завршниот потпис од локалната власт, односно од градоначалникот Марко Колев, кој ја издава дозволата.

Воедно појаснија и дека ги исполнуваат сите услови освен досегашна експлоатација на локација пред „Црниот рид“, а позади велешката Топилницата да постават постројка односно да инсталираат мини Фабрика за свои дополнителни активности односно за дробење и мелење на згурата од депонијата со тешки метали на локалитетот „Баш Колиби“.

Тој тврдеше дека ќе го почитуваат елаборатот и дека при тој дополнителен процес постојано ќе прскаат со вода,а со што дополнително нема да ја загадуваат животната средина на Велес и нема да го нарушуваат здравјето на неговите жители. Тој потенцира дека освен економски бенифит на фирмата воедно после 6-8 години , колку што ќе се одвива овој процес, бенифит ќе имаат и сите граѓани на Велес, со тоа ќе го спречат се уште постоечкото загадување со метална прашина од „Црниот рид “ со згура на Топилницата, а од каде со секој посилен ветер, прашина со тешки метали дува кон градот и се таложи на сите објекти i им го загрозува здравјето на велешани.

– Тоа е истата таа фирма која дојде во 2019 година и која сите ние со акламација ја подржавме, а четири години е доволен период да ја анализираме сериозноста на истата. Од тоа што го ветија дека ќе го изнесат изнесоа само 0,025 проценти, изговори стотина, но фактите се едни. Таа е фирмата која бара лигимитет за наредните 4 години за да ја наградиме нејзината неуспешност, со уште една нова дозвола проширена и надоградена со дополнително дробење ,мелење и сеење на згурата со тешки метали од Таканаречниот „Црн Рид“ од велешката Топилница, потенцира Игор Смилев од “Грин Пауер“.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за директорка на градинка во Велес, конкурирала со лажен сертификат

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Советници во општина Велес од свој џеб купиле стакло за масата за венчавки во матичното

Орце Костов

Голема полициска акција во Велес, затекнати дилери на дрога

А1он

Граѓаните кои пријавиле каснување ќе мора да го опишат кучето: Општина Велес ќе ги вештачи сомнителните случаи

Орце Костов

Условни казни за тинејџерите кои во Велес нападнаа полицајци

А1он