Полициски кучиња нашле дрога и оружје во Велес – уапсени тројца дилери

Од:

Три лица се приведени во Велес откако при претрес во куќа кај нив била пронајдена дрога и оружје.

„ На 10.6.2024 околу 16 часот во Велес, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес ги лишиле од слобода С.Т.(49), Л.Л.(37), Р.С.(32) и С.Л.(29), сите од Велес“ велат од МВР.

При претрес во домот на С.Т. и Л.Л., извршен со судска наредба и во соработка со Единицата за службени кучиња, а во кој биле затекнати Р.С. и С.Л., кај С.Т. биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и една дигитална вага, додека кај Л.Л. биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, таблети екстази, две дигитални ваги и пиштол „Екол“.

За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

Полиција упадна во стан на дилери, тие дрогата ја фрлија низ прозорец

А1он

Во Солун сузбиена меѓународна криминална група, уапсени македонски и косовски државјанин

Предраг Петровиќ

Откриена е криминална група за трговија со дрога, запленети околу 300 килограми марихуана

Запленети се 21 тон дрога со висок квалитет

Инцидент на „Блаце“: Косовски државјанин оттурна цариник, фрлаше oружје за да се спаси

Горан Наумовски

Пожар кај Автобуската станица во Велес зафати шест возила, интервенираа пожарникарите