Димитар Ковачевски нов извршен директор во Оне.Вип

Од:

Димитар Ковачевски е назначен за нов директор на Оне.Вип. Функцијата, како што инфомрираат од компанијата, ќе ја преземе кон крајот на декември 2016 година кога ќе го наследи досегашниот извршен директор Никола Љушев кој се повлекува од лични причини.

Никола Љушев  беше дел од Телеком Австрија Групацијата од 2007 година како главен извршен директор на Вип.оператор.

Димитар Ковачевски има 18-годишно искуство во различни области од телекомуникациската индустрија. Ја започнал кариерата во Македонски Телеком каде го продолжува својот развој на менаџерски позиции вклучувајќи ја позицијата директор на Секторот за комерцијални корисници, одговорен за малопродажната мрежа и на проактивните продажни канали, директор на Центарот за маркетинг комуникации и односи со јавност, директор на Центарот за маркетинг и продажен менаџмент, во исто време како дел од многу стратегиски корпоративни проекти. Неговата професионална кариера вклучува членство во интернационални бренд и комуникациски комитети и управни одбори.

Би можело да ве интересира

А1 Македонија со најдобрата новогодишна промоција во мобилната телефонија досега

А1он

Бизнисмените кои знаат плаќаат најмалку, а добиваат најмногу

Ана Ололовска

Со Vip Roam Surf целосна контрола на трошоците во роаминг

Ана Ололовска

Подарок мобилен интернет за сите Вип корисници

Наум Локоски

Документарната програма BBC Earth на Vip TV

Ана Ололовска

Телеком Австрија стана единствен сопственик на оне.Вип

Наум Локоски