Подарок мобилен интернет за сите Вип корисници

Од:

Телекомуникациската компанија Вип ја започнува новата година со подароци и изненадувања за сите свои корисници на мобилната телефонија. Сите припејд и постпејд мобилни корисници во првиот месец од годината добиваат подарок дополнителен интернет пакет, а со тоа и уште поголема можност за слободна мобилна интернет комуникација.

Сите постоечки и нови пост пејд корисници, активирани заклучно со втори јануари веќе на вториот ден од новата година добија подарок „Mесечен интернет пакет од 2 GB” што ќе можат да го искористат до 31 јануари годинава. Подарокот од дополнителен мобилен интернет го добиваат и оние корисници кои во меѓувреме направиле обнова или промена на тарифата.

Сите постоечки и нови припејд корисници пак кои ја активирале услугата заклучно со втори јануари добиваат подарок „Неделен интернет пакет од 1GB” што ќе можат да го искористат до 10 јануари оваа година.

Со овој подарок што го добиваат сите корисници на мобилната телефонија, Вип уште еднаш потврдува дека е компанија ориентирана кон подобрување на комуникациското искуство на своите корисници.
Повеќе информации можете да најдете на www.vip.mk или со јавување во контакт центарот на 077 1234.

Би можело да ве интересира

Бизнисмените кои знаат плаќаат најмалку, а добиваат најмногу

Ана Ололовска

Со Vip Roam Surf целосна контрола на трошоците во роаминг

Ана Ололовска

Документарната програма BBC Earth на Vip TV

Ана Ололовска

Оне.Вип со единствена мрежа по спојувањето

Ана Ололовска

Димитар Ковачевски нов извршен директор во Оне.Вип

Ана Ололовска

Сите брендови на оне.Вип од 11 мај стануваат Вип

Ана Ололовска