Деспотовски на регионална конференција за иновации во Белград

Од:

Директорот на Фондот за иновации Јован Деспотовски ќе учествува на Innovation Talk 2018 – регионална конференција за технолошки иновации која се одржува денеска во Белград.

Деспотовски, ќе учествува на министерскиот панел на кој заедно со министрите задолжени за иновации, наука, истражување и технологија на земјите од регионот, ќе зборува за активностите кои македонската Влада ги презема за подобрување на бизнис екосистемот и можностите за поголема достапност до финансиска поддршка за компаниите во земјата.

На маргините на коференцијата ќе има и билатерални средби со Ненад Поповиќ, министер за иновации и технолошки развој на Србија и со Ален Шераниќ, министер за наука и технологија, на кои ќе бидат разменети искуства и разгледани можностите за регионална соработка.

На конференцијата ќе се обрати и Марија Габриел, еврокомесарка задолжена за дигитална економија и општество, а истакнати регионални и локални експерти од јавни и меѓународни компании ќе дебатираат на различни панели меѓу кои се паметни градови, индустрија 4.0, технологија на иднината и соработка меѓу корпорации и иновации.

Учесниците на конференцијата ќе бидат запознаени со најновите трендови во областа на иновациите и нивна примена во општеството и економијата, како и со потенцијалите за користење на нови технологии во бизнисот, начинот на кој истите ги менуваат традиционалните индустрии, како и кои се националните развојни политики во областа.

Целта на настанот е на едно место да се соберат сите релевантни актери од иновативниот екосистем на регионот како придонес кон отворање на нови можности за соработка во регионот.

Би можело да ве интересира

Деспотовски бара- кандидатите да потпишат ако не бидат избрани, да не можат да имаат друга партиска функција

Предраг Петровиќ

Јанушев: Обвинителството да отвори истрага за грантовите од ФИТР на Дрин Ахмети, од шест милиони по огласот, тој добил пет

ФИТР со реакција: Внукот на Ахмети барал повеќе пари за иновации ама му одобриле само 82.000 евра

А1он

Фондот за иновации потрошил еден милион евра за хонорарци и експерти кои не поминале интервју, открија ревизорите

A1on

МАСИТ: Цоневски со волонтерски ангажман во Комисијата, не подлежи на поднесување анкетен лист

Катерина Ѓуровски

Саша Максимовски ги демантира тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски