Саша Максимовски ги демантира тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Во врска со вчерашната прес конференција на ВМРО ДПМНЕ каде бев спомнат како лице кое било Претседател на Комитетот за одобрување на инвестиции во ФИТР, а во интерес на вистината треба да се каже дека бев Претседател на Комисија за оценка и предлог-кандидати за избор на ЧЛЕНОВИ на Комитетот за одобрување на инвестиции во ФИТР што е огромна разлика вели Саша Максимовски во демантот испратен до нашата редакција.

Во продолжение, демантот го пренесуваме интегрално:

Имено, Комисијата само спроведе постапка и достави прелог за избор на членови на Комитетот за одобрување на инвестиции во ФИТР која постапка е идентична од самото постоење на ФИТР и од времето кога ВМРО ДПМНЕ ја предводело Владата, а иста е и сега кога СДСМ ја предводи Владата. Се работи за утврдена постапка каде се селектираат еминентни меѓународни експерти на еден конкурентен и транспарентен начин преку јавен повик објавен во меѓународни списанија каде се бара соодветна експертиза поткрепена со доказна документација.

Значи нашата Комисија (како и секоја претходно) имаше за цел да ги евалуира кандидатите и да достави предлог листа од 2 (два) кандидати за избор до Владата што Комисијата го направи во зададениот рок се со цел да се обезбеди комплетирање на Комитетот кој се состои од 5 (пет) експерти, а во тој момент имаше само 3 (три) члена за да може ФИТР да ја спроведе својата годишна програма.

Конечно сакам да истакнам дека вчера на 26.10.2023 на пресот на ВМРО ДПМНЕ се направи намерена или ненамерена грешка (спин) каде Комисијата за избор на кандидати се изедначи со Комитетот за одобрување на инвестиции во ФИТР, на тој начин се даде голема надлежност на Комисијата што е далеку од вистината.

Впрочем таа Комисија има времен карактер и не е платена Комисија како што се и многу други Комисии кои се од времен карактер со точно утврдена цел и не располагаат со никаов буџет или трошење на пари бидејќи се во склоп на работните активности на вработените кои се и членови на Комисиите.

Во прилог на демантот Ви доставувам копија од Решението за формирање на Комисијата, потенцирам на КОМИСИЈАТА за избор на членови на КОМИТЕТОТ што е суштинска разлика и КОМИСИЈАТА нема никаква друга надлежност освен да спроведе постапка за селекција за избор на членови на Комитетот.

Воедно сакам да нагласам дека ќе остварам конатакт со Државната комисија за спречување на корупција со цел лично да ги информирам и да се консултирам во името на голем број на колеги за тоа како се толкува член 82 од законот за спречување на корупција за администартивни службеници кои се членови на времени комисии при ВРСМ и други органи каде извршуваат дејствија и активности од времен и оперативен карактер, бидејќи врз основа на консултации со правни експерти доминира мислењето дека за вакви оперативни времени Комисии членовите нетреба да пополнуваат и доставуваат анкетни листови.

Се разбира ако ДКСК го толкува член 82 од ЗСК дека и членовите на времените Комисии треба да достават Анкетен лист, тогаш несомено секој од нас тоа треба да го знае, при што јас и не се сомневам дека голем број на државни службеници без никаков проблем ќе го пополнат и достават Анкетниот лист.

И за крај на овој демант сакам да истакнам дека ако кампањата скриени имоти или како веќе се вика е за лица како мене тогаш тешко дека ќе ја постигнат целта, бидејќи Јас како Д-р на науки цел живот работам на чесен начин, заработувам со својот труд и експертиза за проектен менаџмент, живеам скромно делејќи ја судбината на сите граѓани и неможам да дозволам да останам недоречен во интерес на вистината, во интерес на личниот интегритет и во интерес на моето семејство. Сите кои ме познаваат лично им се заблагодарувам на подршката што ми ја даваат, а оние кои имаат цел да ме дискредитираат нека им служи на чест.

Не барам извинување од ВМРО ДПМНЕ, само барам поголема совест кога јавно објавуваат податоци и информации за лица добро да ги изанализираат и да не ги спинуваат бидејќи се работи за живи луѓе кои имаат достоинство, семејство и си ја сакаат сопствената земја и ќе се борат секогаш за вистината, можеби сме малку но сепак сме доволно за да одиме напред.

Би можело да ве интересира

Јанушев: Обвинителството да отвори истрага за грантовите од ФИТР на Дрин Ахмети, од шест милиони по огласот, тој добил пет

ФИТР со реакција: Внукот на Ахмети барал повеќе пари за иновации ама му одобриле само 82.000 евра

А1он

Фондот за иновации потрошил еден милион евра за хонорарци и експерти кои не поминале интервју, открија ревизорите

Орце Костов

МАСИТ: Цоневски со волонтерски ангажман во Комисијата, не подлежи на поднесување анкетен лист

Катерина Ѓуровски

ФИТР: Почнува проектот за дигитализација на повеќе од пет милиони оргинални записи на Институтот „Крсте Мисирков“

Ана Ололовска

Петров: Проектите ги одобрува Комитетот за одобрување на инвестиции според строги критериуми, а не ФИТР

Ана Ололовска