Деспотовски бара- кандидатите да потпишат ако не бидат избрани, да не можат да имаат друга партиска функција

Од:

Во интерес на обезбедување на транспарентна постапка за избор на претседател на СДСМ до Централната изборна комисија на партијата доставив предлог за дополнување на документите при кандидирање, информира Јован Деспотовски, член на СДСМ и актуелен директор на Дирекцијата за ТИРЗ.

-Со предложената изјава секој од кандидатите се обврзува, во случај да не биде избран за претседател на СДСМ, да не прифати ниту една друга партиска функција на централно, ниту на локално ниво. Неприфаќањето се однесува и за позиции во институциите каде партијата назначува свои членови, посочува Деспотовски.

Нагласува дека учеството во трката за претседател на СДСМ не смее да се гледа како шанса за стекнување на капитал, што потоа ќе се „пазари“ за подобра позиција во партијата.

-Со оваа иницијатива, секој кандидат однапред ќе се откаже од користење на добиената поддршка т.е. капитал во пазарења и целиот ќе го стави ,односно ќе го врати на целосно располагање на партијата. Со оваа иницијатива, даваме придонес кон враќање на довербата на нашите членови во изборниот процес и обезбедуваме фокусот да биде на програмите и концептот на работа на кандидатите, порачува Деспотовски.

Според него, претседателот на СДСМ мора да биде одговорен кон членовите, а не кон различни структури и лоби групи. Партискиот тим мора да биде поставен по вертикала од членовите бидејќи секој внатрепартиски натпревар значи успех и движење по скалило, а не возење по хоризонтален пат.

-Ги повикуваме сите претседателски кандидати да ја покажат својата посветеност на фер игра и интегритет со потпишување на оваа изјава. Преземајќи го ова ветување, кандидатите ќе покажат дека им даваат приоритет на она што е во интерес на луѓето, на нашите членови и државата пред личната корист, поставувајќи моќен пример за етичко лидерство. Оваа иницијатива не е само ветување за фер игра, тоа е посветеност на вредностите на социјалдемократијата за кои се залагам и како член на СДСМ, нагласува Деспотовски.

Верувам, додава, дека само со вакви конкретни и искрени постапки ќе покажеме дека навистина сме ја разбрале пораката и можеме да ја реформираме нашата партија и да поставиме нов стандард за политичко однесување.

Би можело да ве интересира

СДСМ: По Гостивар, Крушево, Маврово и белата пена во Вардар, сега и Булачани – Мицкоски, Тошковски и ВМРО-ОКГ ја отруја цела Македонија

СДСМ: Кога Мицкоски ќе најави мерки за намалување на цените, веднаш следува поскапување

Младеновска: Оставка за Клековски, призна дека „црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар

Петрушевски: Додека СДС се занимава како да ќари политички поени, надлежните во државава работат и ситуацијата во Гостивар се стабилизира

(ВИДЕО) Фрчкоски: Мицкоски ја труе Македонија – СДСМ бара 5 милиони евра од прославата со пејачи да се пренаменат за чиста вода

А1он

СДСМ: Загадена вода во шест населени места – без одговорност и кривични пријави

А1он