МАСИТ: Цоневски со волонтерски ангажман во Комисијата, не подлежи на поднесување анкетен лист

Од:

Ангажаманот на Теди Цоневски во Комисијата за оценка и предлог кандидати за избор на членови на Комитетот за одобрување на инвестиции при ФИТР е од волонтерски карактер и не подлежи на пополнување и пднесување анкетен лист за имотна состојба реагираат од Стопанската Комора за Информатички и Комуникациски Технологии – МАСИТ Скопје.

Демантот за обвинувањата кон Теди Цоневски од МАЦИТЕ го пренесуваме интергално:

Стопанската Комора за Информатички и Комуникациски Технологии – МАСИТ Скопје е доминантен претставник на друштвата од ИКТ индустријата со многугодишно кумулирано искуство на фирмите членки и нивните претставници. Во такво својство, од МАСИТ е побарано да делегира лице – претставник во Комисијата за оценка и предлог кандидати за избор на членови на Комитетот за одобрување на инвестиции при ФИТР и за таа цел е предложен Теди Цоневски. Цоневски е долгогодишен учесник во работата на МАСИТ на волонтерска основа, во најразлични својства во органите на Комората, како врвен професионалец и лице со високи референтни познавања на проблематиката во и околу ИКТ индустријата. Во таа насока е и неговиот волонтерски ангажман како член во Комисијата за оценка и предлог кандидати за избор на членови на Комитетот за одобрување на инвестиции при ФИТР. Станува збор за Комисија од времен карактер која има конкретна оперативна задача во насока на утврдување на критериуми за селекција за избор на членови на Комитетот. Целосно невистинити се тврдењата дека во активностите на оваа Комисија се одлучува за доделување на било какви грантови. При ова, Комисијата не располага со буџет и никакви буџетски или други средства од било кој вид и како член Цоневски не располага со било какви јавни овластувања и функции. Согласно вообичаеното разбирање на правната струка на членот 82 од Законот за спречување на корупцијата, ваквиот вид на ангажман не подлежи на пополнување и доставување на анкетни листови, ниту пак Цоневски има претходен статус со кој би имал ваква обврска, ниту пак тоа некој му го побарал. Пополнувањето и доставувањето на анкетен лист, доколку било потребно и побарано, во секој случај би било сторено.

Сметаме дека неоснованото обвинување на Цоневски, покрај личното вознемирување, всушност нанесува штета кон друштвата, организациите и особено кон поединците кои без надоместок, мотивирани исклучиво со најдобри намери, даваат несебичен придонес во покачување на
општествените и државните стандарди на работењето. На ваков начин се демотивираат и организациите како МАСИТ и особено истакнатите поединци професионалци да го споделат своето искуство и знаење во служба на јавниот интерес.

Би можело да ве интересира

Јанушев: Обвинителството да отвори истрага за грантовите од ФИТР на Дрин Ахмети, од шест милиони по огласот, тој добил пет

ФИТР со реакција: Внукот на Ахмети барал повеќе пари за иновации ама му одобриле само 82.000 евра

А1он

Фондот за иновации потрошил еден милион евра за хонорарци и експерти кои не поминале интервју, открија ревизорите

Орце Костов

Саша Максимовски ги демантира тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФИТР: Почнува проектот за дигитализација на повеќе од пет милиони оргинални записи на Институтот „Крсте Мисирков“

Ана Ололовска

Петров: Проектите ги одобрува Комитетот за одобрување на инвестиции според строги критериуми, а не ФИТР

Ана Ололовска