Петров: Проектите ги одобрува Комитетот за одобрување на инвестиции според строги критериуми, а не ФИТР

Од:

Во последните денови опозицијата секојдневно шири лаги, манипулации и лажни вести, за работата поврзана со Фондот за иновации и технолошки развој. Иако ја сфаќам политичката ситуација во државата, иако дел од нападите се врз мене, сепак не ми е јасно како опозицијата си дозволува да омаловажува наши корисници, да исмејува луѓе, кои решиле да отворат сопствен бизнис и да ги развијат и реализираат своите идеи во нашата држава, изјави на денешната прес-конференција директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), на која присуствуваа онлајн и членовите на Комитетот за одобрување на инвестиции.

dobivaj vesti na viber

Петров посочи дека ФИТР во моментов има 788 корисници со заеднички инвестиции од 88 милиони евра, 55 проценти од тие инвестиции се на Фондот, а 45 проценти од страна на корисниците.

– Полека, но сигурно, стигнуваме до совршениот модел на инвестирање, каде за секое евро инвестирано од државата има евро инвестирано од приватните корисници, рече Петров.

Тој истакна дека во 2021 година Фондот забележа рекорден број на апликации на сите повици, и рекорден број на поддржани апликации.

– Оваа година имавме дури 11 повици и оваа година ја имаме најголемата поддршка за микро малите и средни компании во историјата на ФИТР. Поврзано со работата на ФИТР, би сакал да истакнам дека ФИТР е единствена институција во државата која има ИСО 31007 сертификација за борба против корупцијата. Сите финансирања кои ги прави ФИТР се преку инструментите, кои се дефинирани во Законот за иновациска дејност, а се преку правилници, кои се одобрени од Владата. Сите грантови се кофинансирани, односно мора да има учество од страна на корисникот, почнувајќи од 10 отсто за повикот за стартапи до 40 отсто за повикот за комерцијализација за средните компании, објасни Петров.

Тој посочи дека при аплицирањето, апликантите пополнуваат формулар за сопственичка структура и кажуваат дали се поврзани со јавни функционери или се јавни функционери.

– Ако има каква било поврзаност, тој документ се праќа до „Транспаренси Интернешнал“, каде се проценува ризикот од апликантот. Напоменувам, за повикот „Стартапувај 3“, ниту еден апликант, нема никаква поврзаност со јавен функционер во државата, нагласи Петров.

Тој објасни сите пријавени компании поминуваат процес на претселекција спроведена од три домашни стручни лица. Секоја компанија која има над 51 поен, поминува во финална селекција, а финалната селекција ја прави Комитетот за одобрување на инвестиции, кој е избран на јавен интернационален оглас.

– Комитетот за одобрување на инвестиции е единственото тело кое ги носи одлуките која компанија ќе се финансира, а која не. Напоменувам, ниту еден вработен во ФИТР не е инволвиран во носењето на одлуките кои проекти кои ќе бидат финансирани, а кои не, рече директорот на ФИТР.

Тој информира дека во Комитетот за одобрување на инвестиции членуваат Марвин Лиао (претседател), Вибу Шарма, Ноел Грегор Петерсон-Џоунс, Ашер Сидики и Гунтер Фелингер.

При носењето на финалната одлука, Комитетот за одобрување на инвестиции, се раководи според следните критериуми: степен на иновативност (25 поени); квалитет на проектот (25 поени); капацитет на проектниот тим (15 поени); потенцијал на пазарот (25 поени) и влијание (10 поени).

Претседател на Комитетот за одобрување на инвестиции Марвин Лиао истакна дека при носење на одлуките се водат според строги критериуми.

– На секој повик има многу добри проекти. За жал, нема средства за сите да се финансираат. Ги оценуваме поединечно, потоа заеднички носиме одлуки, рече Лиао.

Би можело да ве интересира

ФИТР: Почнува проектот за дигитализација на повеќе од пет милиони оргинални записи на Институтот „Крсте Мисирков“

Ана Ололовска

Прва македонска платформа за поврзување студенти и дипломци со компаниите

А1он

ФИТР: Првиот хибриден Инвестициски фонд од 27 милиони евра ќе овозможи рапиден раст и развој на македонските иновативни компании

А1он

Бесими: Иновативни начини за финансирање на инвестициите во јавниот и приватниот сектор преку Планот за забрзан економски раст

А1он

ФИТР ја креира првата Национална стратегија за вештачка интелигенција во земјата

А1он

ВИДЕО: Преку предлог мерки до забрзан раст на македонскиот стартап еко систем

Ана Ололовска