Денарски депозити со каматна стапка до 4,90%-промотивно во Охридска Банка Сосиете Женерал

Од:

Охридска Банка Сосиете Женерал воведува нова и атрактивна промоција ‒ зголемени, растечки и гарантирани каматни стапки на денарски депозити за сите оние кои ќе одлучат да штедат и да ги орочат своите средства на 12, 24 или 36 месеци, информираат од банката.

Промотивно, Охридска Банка Сосиете Женeрал ги зголеми каматните стапки на денарските депозити кои дополнително и прогресивно растат по периоди, односно на секои три или шест месеци, во зависност од времетраењето на орочувањето.
Имено, клиентите, кои ќе се одлучат за денарски депозит на 12 месеци, добиваат растечка каматна стапка на секои три месеци од 1% во првото тромесечие до 3,50% во последните три месеци.

Следствено на тоа, за денарски депозит на 24 месеци, висината на каматната стапка расте од 1,20% во првите шест месеци до 4,25% во последните шест месеци. А за денарските депозити на 36 месеци каматната стапка почнува со 1,40% во првите шест месеци и достигнува атрактивни 4,90% во последните шест месеци од штедењето.

Дополнителна придобивка за клиентите е што каматните стапки се фиксни и гарантирани за целиот период на орочување.
Минималниот износ на влог изнесува 15.000 денари, а клиентот добива можност и за дополнителни вложувања до максимални 100.000 евра во денарска противвредност, при што условите за штедење не се менуваат.

Промоцијата е збогатување на придобивките на денарскиот депозит Прогрес ‒ веќе постоен производ од широкото портфолио на производи и услуги на Охридска Банка Сосиете Женерал, соопштуваат од банката.

Повеќе информации на www.ohridskabanka.mk и во сите експозитури на Охридска Банка Сосиете Женерал.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Охридска се присоедини кон Шпаркасе Банка

Искра Манојлоска

Охридска банка предупредува за фишинг напади и злоупотреба на лични податоци од непознати сторители

Ана Ололовска

Меѓународна награда за општествена одговорност од Бизнис конфедерацијата за Охридска банка

Наум Локоски

Охридска банка Сосиете Женерал со донација вредна 600 илјади денари

Охридска банка Сосиете женерал со донација од неопходни добра за настраданите во поплавените подрачја

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Охридска банка Сосиете Женерал отвори нова експозитура во населба Аеродром,Скопје

Предраг Петровиќ