(ВИДЕО) Охридска банка Сосиете Женерал отвори нова експозитура во населба Аеродром,Скопје

Од:

Охридска банка Сосиете Женерал отвори експозитура на нова локација во населбата Аеродром во Скопје со која за своите клиенти и вработени овозможува уште поголема достапност и пријатен и комфорен простор.

Експозитурата на Охридска банка Сосиете Женерал, сега сместена на нова, поатрактивна локација на булеварот „Јане Сандански“ бр. 113-А/30., претставува неконвенционален, урбан и модерен простор на површина од 170 м2 за опслужување на население и правни лица, со вклопен нов концепт на просторот за чекање, збогатен со содржини за најмалите посетители.

Во оваа експозитура клиентите ќе можат да се информираат за актуелните промоции и активности на Банката на неколкуте поставени ЛЦД-екрани, а дополнително и додека го чекаат својот ред, во таканаречената „дигитална зона“ преку таблет ќе можат да пристапат на веб-калкулаторот на Банката и самите да направат калкулација за саканиот производ од понудата на Охридска банка Сосиете Женерал, но и да се информираат за целокупното портфолио на производите и услугите на Банката.

„Идејата за креирањето на еден уникатен, урбан и модерен простор за деловност, организиран со нота на домашен амбиент, произлезе од нашите импресии и начинот на кој ние, вработените во Охридска банка Сосиете Женерал, ја доживуваме оваа урбана скопска населба. Со намера што повеќе да се доближиме до стилот на живот и до потребите на граѓаните од овој дел на Скопје, создадовме простор кој во голема мера го отсликува тој животен стил. Поставеноста на просторот на оваа експозитура е дизајнирана со цел нашите клиенти да ја доживеат Охридска банка Сосиете Женерал како банка со многубројни можности за нив. Една од тие можности е посветена услуга во пријатна атмосфера за секого ‒ за деловните луѓе, пензионерите, граѓаните и, секако, за најмалите посетители, за кои создадовме простор опремен со играчки, книги и сликовници за деца“ ‒ изјави Бранка Павловиќ, претседател на управниот одбор на Охридска банка Сосиете Женерал.

„Со години работа Охридска банка Сосиете Женерал успева постојано да ги развива своите бизнис-иницијативи и активности во исклучително конкурентни пазарни услови, истовремено силно градејќи репутација помеѓу македонското население. Инвестициите во продажната мрежа и конкретно во оваа експозитура со модерен, пријатен и удобен амбиент ги рефлектираат квалитетот и посветеноста на Банката и нејзините капацитети да одговори на потребите на своите клиенти, така придонесувајќи кон амбицијата да биде банка фокусирана на создавање блиска врска со клиентите на пазарот на кој опстојува. Како банка, ние сме исто така и институција која има улога на поддржувач на населението, претприемачите, напредните мислители и креатори во реализацијата на нивните потенцијали на долг рок, а тоа истовремено значи и придонес кон целокупната македонска економија.

Ова за нас претставува обврска за иден развој на нашите креативни и иновативни капацитети со цел да ја задржиме нашата конкурентна позиција и реалната амбиција на Охридска банка Сосиете Женерал да продолжи позитивно да придонесува во развојот на Групацијата. Доказ за тоа дека Охридска банка Сосиете Женерал е на вистинскиот пат се и двете светски признанија од „Global Finance“ и „Euromoney“, кои ни поставија цврсти показатели за нашата иднина во Македонија“ – изјави Џовани Лука Сома, претседател на надзорниот одбор.

Експозитурата во населбата Аеродром во Скопје беше свечено отворена на 28 јули 2016 година во присуство на бројни гости од бизнис-заедницата во Македонија, партнери и клиенти на Банката, а на отворањето присуствуваше и висока делегација од Централата на Сосиете Женерал Париз, Франција: г. Џовани Лука Сома – Сосиете Женерал Париз, Франција, претседател на надзорниот одбор; г. Алан Кону – Сосиете Женерал Париз, Франција, член на надзорниот одбор; г. Жан Филип Гијом – Сосиете Женерал Париз, Франција, регионален директор за Балканскиот регион и г-ѓа Марија Русева – Сосиете Женерал Србија, член на надзорниот одбор.

Своето присуство во земјата високата делегација на Сосиете Женерал Париз, Франција, го искористи и за средби со претставници на релевантни институции во земјата.

Охридска банка Сосиете Женерал е универзална банкарска институција. Од 2007 година, Охридска банка Сосиете Женерал припаѓа на една од најголемите финансиски групации во светот – групацијата Сосиете Женерал. Со повеќе од 148.000 вработени, со седиште во 76 земји, групацијата Сосиете Женерал е на страната на 30 милиони клиенти низ целиот свет повеќе од 150 години. Охридска банка Сосиете Женерал функционира според високите стандарди на Сосиете Женерал, почитувајќи ги четирите главни вредности на Групацијата: тимски дух, иновација, посветеност и одговорност.

Основната стратегија на Охридска банка Сосиете Женерал е постојаното унапредување на квалитетот на извршувањето на банкарските услуги и нејзината целосна посветеност да ги задоволи потребите на своите клиенти. Преку своето седиште во Скопје и широката мрежа од 28 експозитури на територијата на Македонија, Охридска банка Сосиете Женерал има за цел да биде поим за банкарски односи, препознатлива на пазарот, блиска до клиентите, избрана поради својот квалитет и посветеноста на нејзините тимови. Охридска банка Сосиете Женерал е носител на две награди од страна на „Euromoney“ во категоријата „Најдобра банка во Македонија“ за 2010 и 2016 година. Исто така, светски познатото списание „Глобал фајненс“ ја прогласи Охридска банка Сосиете Женерал за Најдобра банка во Македонија за 2016 година во категоријата „Најдобри банки на пазарите во развој во Централна и Источна Европа“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Охридска се присоедини кон Шпаркасе Банка

Искра Манојлоска

Охридска банка предупредува за фишинг напади и злоупотреба на лични податоци од непознати сторители

Ана Ололовска

Меѓународна награда за општествена одговорност од Бизнис конфедерацијата за Охридска банка

Наум Локоски

Охридска банка Сосиете Женерал со донација вредна 600 илјади денари

Охридска банка Сосиете женерал со донација од неопходни добра за настраданите во поплавените подрачја

Емир Латифовиќ

Охридска банка Сосиете Женерал-Најдобра банка во Македонија за 2016 година