ВИДЕО: Охридска се присоедини кон Шпаркасе Банка

Од:

Охридска банка АД Скопје се присоедини кон Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје. Со ова интегрираната Шпаркасе Банка Македонија АД – Скопје, припаѓа во групата на големи банки заземајќи ја 4-та позиција на банкарскиот пазар.

dobivaj vesti na viber

Шпаркасе Банка Македонија ја прошири својата клиентска база и го зголеми пазарниот удел на 13,4% во сегментот население и 15,1% во сегментот на корпоративни клиенти.

Интегрираната Шпаркасе Банка Македонија, сега ќе опслужува повеќе од 120.000 клиенти во земјата, преку 35 експозитури и широка мрежа на банкомати на околу 100 локации ширум државата.

Уделот на банката на девизниот пазар ќе изнесува 25%. Шпаркасе е депозитарна банка на околу 50% од вкупните средства и извршува 40% од тргувањето со хартии од вредност на меѓународни пазари.

Со вкупна актива од 1,15 милијарди евра Шпаркасе Банка Македонија се позиционираше во рангот на големите банки на пазарот како број два во корпоративниот сегмент и број три во сегментот население, нудејќи им на своите клиенти атрактивни и производи и услуги, како и експертиза која доаѓа од Ерсте и Шпаркасе Групацијата.

„Денес со задоволство можам да констатирам дека Охридска и Шпаркaсе банка се една банка: Шпаркасе банка Македонија. Тоа е банка во која секое трето семејство во Македонија има сметка, во која повеќе од 2/3 од присутните мултинационални компании ги вршат своите трансакции и сме водечки во проектното финансирање и во поддршката на растот и развојот на македонската економија. Ќе делуваме како финансиски супермаркет, каде што секој ќе може да ги задоволи своите потреби и да го избере она што му е најпотребно и му носи додадена вредност. Нашата посветеност да ги разбираме и да ги опслужуваме клиентите ќе биде во фокусот на нашето работење. Со уште поголем и професионален тим и поголема достапност на нашите услуги ќе продолжиме да градиме уште помодерна и помоќна Шпаркасе банка Македонија. Ќе продолжиме да бидеме банка од доверба, која е препознатлив партнер на македонските економски субјекти. Ќе останеме хумана банка, која се грижи за вработените, за клиентите, за животната средина и за општеството. Заедно ќе ги дизајнираме проектите, ќе бидеме отворени за иновативни идеи и решенија, кои ја динамизираат македонската економија. Заедно можеме повеќе!“, изјави Глигор Бишев, главен извршен директор и претседател на УО на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје.

„Во изминатите две години бевме посветени на градење една поуспешна банка на пазарот со пошироки перспективи за понатамошен развој и креиравме одржливи вредности за нашите клиенти и акционери. Задоволен сум што го зголемивме нашето присуство во Северна Македонија за речиси трипати и станавме референтна банкарска групација во земјата. Заедно со силата на Ерсте Групацијата, наша цел е да го зголемиме нашиот придонес уште повеќе во следните неколку години. Ние го гледаме Западниот Балкан и Северна Македонија како регион со многу висок потенцијал за раст и презедовме уште еден чекор во вистинската насока што се покажа со позитивниот исход на проектот на интеграција“, изјави Георг Бухер, член на Управниот одбор на Штаермеркише Шпаркасе и претседател на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија.

Од Шпаркасе информираат дека од минатата недела започна со работа експозитурата Центар во Скопје, како прва прототип експозитура со 24/7 зона во која клиентите ќе можат да ги извршат потребните банкарски услуги, плаќање редовни обврски кон Банката, плаќање режиски трошоци, вршење уплата на готовина и менувачница на странски валути.

Локациите на експозитурите се распоредени во сите поголеми градови низ државата и се достапни за клиентите секој работен ден од 8 до 16 часот и во сабота на одредени локации.

За полесно пронаоѓање на најблиската локација Банката овозможи уште една дополнителна функционалност „Локатор на експозитури и АТМ“ преку апликацијата „Sparky“ Viber Chatbot достапна на следниот линк.

„Во сегментот население Банката веќе се издвои на пазарот со единствена најдолго гарантирана каматна стапка за потрошувачки кредит, фиксна за првите 8 години, со што нуди стабилност и финансиска извесност за своите клиенти.

Преку поврзаноста со другите банки-ќерки во Ерсте Групацијата и Шпаркасе, придобивките за корпоративните клиенти се видливи во повеќе аспекти, во делот на финансирање поголеми проекти од сопствени средства или од фондови за посебни програми за унапредување на конкурентноста на компаниите и нивниот развој за настап на европските пазари. Предностите што корпоративните клиенти ќе ги искусат, ќе бидат и во поглед на платниот промет во земјата и со странство преку кореспондентската банкарска мрежа на Ерсте Групацијата и Шпаркасе.

Интегрираната Шпаркасе Банка Македонија ќе има значајно учество и видливост на пазарот и преку понудата на широк спектар инвестициски услуги за тргување со хартии од вредност, осигурителни, лизинг и готовински услуги“, се наведува во соопштението од Шпаркасе.

Би можело да ве интересира

Охридска банка предупредува за фишинг напади и злоупотреба на лични податоци од непознати сторители

Ана Ололовска

ЕКО кредити за фотоволтаични системи на ЕВН

Наум Локоски

Меѓународна награда за општествена одговорност од Бизнис конфедерацијата за Охридска банка

Наум Локоски

Охридска банка Сосиете Женерал со донација вредна 600 илјади денари

Охридска банка Сосиете женерал со донација од неопходни добра за настраданите во поплавените подрачја

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Охридска банка Сосиете Женерал отвори нова експозитура во населба Аеродром,Скопје

Предраг Петровиќ