„Дело“: ЕУ, ЕЦБ и ММФ го отфрлија планот на Словенија за спас на банките

Од:

Претставниците на Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд се сомневаат во ефикасноста на словенечките „лоши банки“, се наведува во прелиминарното мислење за законската рамка за управување со кредити со статус на ненаплатливи побарувања.

ЕК, ЕЦБ и ММФ се сомневаат дека се доволни четирите милијарди евра државни гаранции плус една милијарда евра за докапитализација на банките и тие сакаат да знааат како Владата дошла до дадените бројки, со оглед на тоа дека се уште не спровела стрес тестови во банките, пишува словенечкиот весник „Дневник“, кој имал увид во документот.

Трите институции очекуваа попрецизно дефинирање на улогите на компаниите за управување со банкарските средства, т.н. лоши банки, нивните овластувања и деталите за финансирање до крајот на јануари.

Тие исто така предлагаат Централната банка, за која се смета дека не учествува доволно во процесот на спас на банките, да спроведе стрес тестови во рок од три месеци, со цел да се одреди адекватноста на капиталот во банките.

Документот, според весникот, ги содржи очекувањата на ЕУ, ЕЦБ и ММФ во врска со прецизирањето на критериумите за трансфер на средствата, метологодијата на проценка на проблематичните кредити и стратегијата за управување со заемите.

Трите институции наведуваат и дека Љубљана не им обезбедила независност и транспарентност на лошите банки, што го зголемува ризикот од корупција, така што е мошне важно со банките да управуваат независни директори, со цел да се избегне конфликтот на интереси.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он