Даноците на енергентите со најголемо учество во даноците за животна средина, за загадување со најмало

Од:

Даноците за животна средина имаат учество од 1,9 отсто во Бруто домашниот производ. Ова се податоците за 2018 година што ги објави Државниот завод за статистика и според објавените податоци тие се непроменети во однос на 2017 година.

Во даноците за животна средина најголемо учество имаат даноците за енергенти со 66,5 отсто, потоа следат даноците за транспорт со 32,6 отсто и даноците за загадување со 0,9 отсто.

Во 2018 година во земјава биле платени даноци за животната средина во износ од 12.760.6 милиони денари, што е за 12,6 отсто повеќе отколку во 2017 година.

Најголем пораст бележат даноците за енергенти во секторите Рударство и вадење на камен и Градежништво. Ваквото зголемување е резултат на зголемените акцизи на горивата.

Би можело да ве интересира

До крајот на годината ќе има усогласување на даночната политика, најави Мицкоски

УЈП ќе ги објави компаниите од нафтениот бизнис кои затајувале данок

Градоначалникот Ибраими се пофали дека арачиновци плаќаат данок: Општината веќе не е „црна овца“

Александар Тодески

Бугарија ги укинува таксите за транзит на рускиот гас кон Србија и Унгарија

A1on

Ковачевски на Денот на даночници: Со ефикасен даночен систем и позитивни политики ја обезбедуваме финансиската стабилност на државата

Предраг Петровиќ

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила