Бочварски најави асфалтен бум за 5 километри автопат кој се гради 3 години

Од:

Граѓаните ќе возат по нови патишта речиси насекаде низ Македонија откако министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски најави одлична 2023 година во делот на патната инфраструктура.

Како увертира за асфалтниот бум во 2023 година ќе биде отворањето на новиот експресен пат Штип – Кочани кое Бочварски го најави за следната недела во пресрет на новогодишната ноќ и празниците.

– Пред неколку недели со премиерот Ковачевски бевме на увид на асфалтирањето на првиот тунел на автопатот Кичево – Охрид кој е комплексен градежен објект. Се завршуваат мостовите и сите оние косини кои имаа проблем при реализацијата. Во 2023 година треба да почнат да се рехабилитираат патните правци Тетово-Гостивар, Прилеп-Битола, Подмолје-Струга-Кафасан, Гостивар-Кичево, а треба да заврши изградбата на автопатот Кичево-Охрид.

Ако сакаме да имаме модерни и безбедни патишта и да реализираме повеќе патни правци, а следната година се планирани преку 120 километри патишта, потребни инвестиции.

На експресниот пат кон Прилеп првиот тунел е пробиен, вториот тунел очекуваме да биде пробиен во март 2023 година. Стариот пат од Велес до Катланово и Велес Градско се рехабилитираат, нешто што не се случило таму откако се изградени истите – рече Бочварски.

Тој очекува следната година да продолжат градежните работи и со силна динамика новата компанија да го заврши рехабилитирањето на делницата Катланово – Петровец која е дел од коридорот 10 и која беше стопирана откако се раскина договорот со „Бетон“.

– Есента во 2020 година почна изградбата, но кога заврши договорот во 2022 година, прогресот на работите на терен изнесуваше десет проценти. Беше дадена можност на изведувачот да покаже повеќе, но не се успеа во намерата. Во консултација со Европската банка за развој, договорот беше раскинат и се распиша оглас за нов изведувач – додаде министерот.

Рехабилитацијата со проширување опфаќа 5,179 киометри од десниот и 4.752 киометри од левиот коловоз. На левиот коловоз требаше да се изврши рехабилитација на постоечкиот коловоз и проширување со плус уште една коловозна лента.

Инвестицијата во активностите за рехабилитација и проширување на делницата во должина од 10 километри изнесува 7,2 милиони евра. Изведувач на работите беше градежната компанија Бетон, а главен Надзор е ГИМ заедно со Евроконсалтинг и ИРД.

Би можело да ве интересира

Експресно оттуѓен имотот на делницата Тетово-Гостивар, заглави експропријацијата кон Букојчани

Орце Костов

Завршува обновата на автопатската делница Катланово-Петровец

Џафери: Очекувам автопатот Гостивар-Кичево да биде завршен во 2027 година

Жители на Баница ќе постават шатори за одбрана на нивите од „Бехтел и Енка“ ако Владата не ги викне на средба

А1он

За десет години изградени помалку од 40 километри од автопатот Кичево-Охрид за што се потрошени 430 милиони евра, утврди ревизијата на ЈПДП

Орце Костов

Појавата на свлечишта ќе го продолжи рокот за изградба на автопатот Кичево – Охрид

Горан Наумовски