Во понеделник ќе се решава по косовската забрана за извоз на компири и мед

Од:

Министерството за економија во понеделник организира состанок со повеќе надлежни органи и институции во насока на решавање на проблемот кој што настана со воведувањето на мерката околу извозот на компири и мед од Република Северна Македонија во Република Косово, на кој се очекува да се превземат активности за разрешување на последиците од воведената мерка од страна на Република Косово, информираат од Министерството.

Што се однесува до наводите од косовската страна дека не е даден одговор на решавањето на прашањето за увоз на икра и млада риба од Република Косово во Република Северна Македонија, Министерството за економија како и другите надлежни институции во земјата веднаш ја информираа косовската страна дека мерката е воведена согласно на прописите на Европската Унија за увоз на овие производи, се наведува во соопштението на Министерството.

Оттаму додаваат дека согласно на правилата на ЦЕФТА , Министерството за економија уште во месец јуни на редовните состаноци на ЦЕФТА и одговориле на косовската страна по ова прашање а исто така и Агенцијата за храна и ветеринарство ја известила косовската страна дека новите законски прописи се донесени согласно на Европската регулатива.

Како што велат Агенцијата за храна и ветеринарство направила напори за надминување на проблемот за да се добијаат соодветни информации во врска со животинскиот и рибниот здравствен статус, но вакви податоци не се добиени иако се побарани повеќе пати од ресорната институција во Република Косово, а нивни претставници истакнале дека системот за надзор на рибни болести не се следи.

„Сепак од страна на Република Северна Македонија во овој период се остваруваа интензивни контакти со надлежните институции од Република Косово за надминување на настанатата состојба при увозот на овие производи, меѓутоа не се добиени податоци кои би ја потврдиле здравствената состојба на наведените производи од акредитирана институција од Република Косово.“, се наведува во соопштението на Министерството за економија.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Пад на Македонија во извештајот на Фридом хаус: Назадување во владеењето на правото и борбата со корупција

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески