БЕГ и во наредната сезона ќе дистрибуира топлинска енергија во Скопје

Од:

Балкан енерџи груп (БЕГ) е во стабилна состојба. Нема промена во сопственичката структура. Останува и во наредната грејна сезона да ја дистрибуира топлинската енергија до потрошувачите во Скопје и уверува дека се подготвени за тоа.

Ова го истакна генералникот директор на БЕГ АД Димитар Кочовски на денешната средба со новинарите по повод пет години Балкан енерџи груп.

– Нема отворена стечајна постапка. Во тек е судска разврска со една компанија која има побарување кое сметаме дека е неосновано и тоа е тековен спор кој е минорен. Далеку е нашата компанија од стечај. Таа е во стабилна состојба и нормално работи. Само се работи за тековен спор кој судски ќе се расчисти, истакна Кочовски.

Тој додаде БЕГ и во наредната година ќе продолжи со дистрибуција на топлинска енергија и оти имаат лиценца за 35 години.

– БЕГ ја подготвува новата грејна сезона и без никакви дилеми ќе има стабилен и сигурен почеток на следната грејна сезона. Корисниците да не стравуваат во тоа. Нашата компанија е и кадровски и финансиски спремна да ја продолжи успешната работа и да ги продолжи подобрувањата, истакна Кочовски.

За цената во наредната сезона не прецизираше дали ќе има промена, појаснувајќи дека податоците се поднесуваат до Регулаторната комисија за енергетика и оти цената се формира врз основа на тарифен систем.

– Цената на парното не зависи само од енергетската ефикасност и трошоците, туку и од цената на берзите, истакна Кочовски додавајќи дека цената во последните пет години како резултат на зголемената енергетска ефикасност, намалените трошоци и ценовната коњуктура на енергенсите кај домаќинствата е намалена за над 30 проценти, кај деловните субјекти за 55 и кај образовните институции за над 65 проценти.

Кочовски посочи дека е запрен трендот на исклучување на коирсниците од мрежата и дека во последните години имаат нови 6.300 приклучени корисници со вкупен капцитет од 50 мегавати.

– Кога почнавме имавме 44.000 корисници, а сега се 51 илјада, рече Кочовски и додаде дека тие имаат капацитет од 800 мегавати, но дека се користат половина и оти се планира проширување на опфатот.

Засега, како што најави, ќе се прошири мрежеата кон населбата Александрија кај Влае и полека ќе се движат кон Ѓорче Петров, а се планира и зголемување на времетраењето на греењето.

Одговрајќи на новинарски прашања за најавите од Град Скопје за преземање дистрибутивната мрежа од БЕГ, рече дека со Град Скопје се во постојана комуникација.

Би можело да ве интересира

Владата нема договорено решение за парното во Скопје, Ковачевски: Сега работиме

Кристијан Ландов

РКЕ: Потрошувачите кои се приклучени на БЕГ да продолжат редовно да си ги подмируваат месечните фактури за испорачаната топлинска енергија.

Катерина Ѓуровски

Регулаторна ја одзеде лиценцата на БЕГ

Предраг Петровиќ

Цената на топлинската енергија утврдена согласно берзанските цени на природниот гас, сметките ќе останат исти

А1он

ЕСМ го презеде управувањето со БЕГ и Топлана Скопје Север

Ана Ололовска

ЕСМ го презема управувањето и со топланата Скопје Север

А1он