ЕСМ го презема управувањето и со топланата Скопје Север

Од:

Владата на денешната 5-та седница, врз основа на овластувањата од прогласената кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија, го одобри Договорот за деловно техничка соработка со кој се регулираат меѓусебните права и обврски на Прокуристот како застапник на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), со што ЕСМ ќе се стекне со право да управува со сите деловни активности на топланата Скопје Север АД – Скопје, со сите трансакциски сметки на Скопје Север АД – Скопје како и со наменската сметка која што топланата ќе ја отвори исклучиво за потребите на овој Договор за деловно техничка соработка.

Договорот за реализација на деловно техничка соработка има за цел да се обезбеди топлинска енергија за снабдување на жителите на Град Скопје.

Владата денеска донесе и Одлука со која се одобруваат текстовите на договорите со БЕГ и со топланата Скопје Север АД – Скопје и со која се одобрува работењето на Управниот одбор и на Надзорниот одбор на АД Електрани на Северна Македонија во државна сопственост, со БЕГ и со Друштвото за снабдување со пареа и топла вода Скопје Север АД – Скопје.

Би можело да ве интересира

За 50 отсто поскапена цените на угостителските услуги во владините објекти

Горан Наумовски

Влада донесе одлука: Вработувања на 600 специјализанти, разрешен е директорот на „Шутка“, на негово место е именуван Бобан Утковски

СДСМ: Кадровски дебакл на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, професор по физичко на заменичко место во МВР

(ВИДЕО) Димитриеска Кочоска: Буџетот е оштетен за повеќе од 32 милијарди денари

Катерина Ѓуровски

Предложени замениците министри

Владата го укина заклучокот за исплата на 252 милиони евра на „Бехтел и Енка“

Катерина Ѓуровски