Азиски берзи: Остар пад поради ширењето на корона вирусот

Од:

На азиските берзи вредноста на акциите нагло се намалија бидејќи инвеститорите стравуваат од ширењето на корона вирусот во Кина и пошироко, и тоа може негативно да влијае врз економиите во регионот.

Индексот MSCI во Азија и Пацифик, со исклучок на Јапонија, беше околу 7,00 часа на минус 1 процент, намалувајќи се од највисокото ниво од јуни 2018 година.

На берзата во Токио, индексот Никеи падна за 0,9 проценти, додека вредноста на акциите во Австралија, Сингапур, Јужна Кореја, Шангај и Хонг Конг се намалија меѓу 0,2 и 2,3 проценти.

Пазарите се под притисок, како резултат на ширењето на корона вирусот, болест слична на пневмонија, од која четири лица починаа во Кина досега, со повеќе од 200 заразени.

„Таа ситуација пазарите ќе ја следат на радар на ризик затоа што, доколку ситуацијата стане критична, тоа би можело да биде голем удар за авијациската индустрија и локалниот туризам“, вели Стивен Инес, стратег во АксиКорп.

Состојбата на берзите се влошува и бидејќи Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ги намали проценките за глобалниот економски раст оваа година, како резултат на неочекуваниот застој на растот во Индија и другите пазари во развој.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

ВИДЕО: Одмазда на Кинезите, Трамп ја засилува трговската војна со сите

Кина не сака присилно раселување на Палестинците од Газа

Силен земјотрес во Кина

Во сила се царините на Трамп за Кина, експресен одговор на Пекинг

Стриминг платформата GLEY ќе бара инвеститори преку Берза

Катерина Ѓуровски