Амандманска расправа за законот за данок на солидарност

Од:

Во собраниската Комисија за европски прашања во тек е амандманска расправа за Законот за данок на солидарност, во второ читање кој се носи по скратена постапка, а која треба да продолжи по дадената пауза. Поднесени на законот се три амандмани од овластени предлагачи.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски го образложи амандманот на член 3 став 1 и 2 поднесен од пратениците на оваа партија со кој, како што рече се бара средствата прибрани по основ на данокот на солидарност да бидат наменети за нова потпрограма П2 солидарни мерки во услови на криза која подетално ќе биде дефинирана со Законот за извршување на Буџетот на државата за 2023 година.

-Ова го бараме затоа што сметаме дека на ваков начин овие средства ќе бидат посоодветно искористени и ќе има време да се направи добар план врз основа на изготвувањето на Законот за извршување на Буџетот како овие средства ќе бидат потрошени, а сепак да бидат корисно употребени од страна на граѓаните, стопанството, Владата, единиците на локалната самоуправа и другите кои што имаат потреба од поддршка од овој буџет. Сметам дека со ваквиот предложен текст испаѓа дека овој предлог-закон за солидарен еднократен данок е само собирање дополнителни пари за да се покријат дупките направени со „Бехтел-Енка“, со скриениот таен договор со „Бехтел & Енка“ преку кој одредени членови на Владата добија провизии, а државата доби нови долгови и затоа веќе ако се оди на воведување на нов данок којшто оптоварува многу стопанственици и нивни вработени, тогаш барем тие средства од тој данок да бидат искористени за солидарни мерки во услови на криза којшто подетално заеднички би го дефинирале со Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија, рече Милошоски.

Министерот за финансии Фатмир Бесими, го одби предложениот амандман и појасни дека самиот данок е вонреден, еднократен, не е неутрален, општ како што се другите даноци за финансирање на буџетот, туку точно се знае намената и затоа се става во Програма 1 – мерки за справувње со КОВИД – 19 кризата и други антикризни мерки кои се поврзани со кризата.

-Всушност, тоа е дефинирано така и во Законот за извршување на буџети и од тие причини е ставено тука за да биде поексплицитно дека се работи за средства што ќе одат за поддршка на антикризни мерки, нема потреба да се дефинира нова програма кој ја нема во Законот за извршување буџети. Со тоа сметаме дека овој предлог не се прифаќа, рече Бесими според кого ова е во согласност и со принципите на солидарност што е едно од начелата на Уставот член 8, и во членот 33.

Во текот на дебатата пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Златко Пенков ги повтори партиските ставови дека со овој Закон власта не ги зема предвид ставовите на коморите и стопанството и оти единствено се води од потребата за попоплнување на буџетските дупки и неограничено трошење и укажа дека во ЕУ солидарниот закон е воведен за оитна интервенција во врска со високите цени на електричната енергија и прецизно е наведено од кого тој дампок ќе биде наплатен, а воведувањето на ваков данок е предвидено исклучиво само како можност, а не како што се наведува во законското решение, како обврска.

-Размислете добро каква порака праќаме до компаниите кои го полнат буџетот, дали е ова правилно или треба да се одбие, рече Пенков.

Реплицираше Санела Шкриељ од СДСМ која нагласи дека намената на законот е да се змее од оние компании кои оствариле екстра профит во услови на криза и да даде на граѓаните кои имаат потреба од тоа, а тоа е вели, и обврска на една влада во услов на криза да прави редистрибуција на средства за да се овозможи посолидарно граѓаните да ја поминат кризата.

-Се повикавте и сами и рековте дека има европска регулатива која дава можност за вакви итни интервенции. Значи не е целта да се казнуваат успешните и способните, туку повторувам е еднократен данок на ограничен број комопании кои оствариле огромни екстра профити во услови на криза, нои и кои користеле буџетски пари, а тоа се исто сретства на граѓаните, нагласи Шкриељ.

Министерот Бесими меѓу другото појасни дека во однос на Предлог-законот во декември минатата година имало јавна расправа во неколку наврати како и пишана комуникација со стопанските комори кои тогаш го поддржале овој закон токму заради тоа што се работи за солидарност. Нагласи и дека е искористена праксата на земјите од ЕУ, повикувајќи се на регулативата на Советот на ЕУ од 6 октомври 2022.

-Точно дека се работи за компании во областа на енергетиката, меѓутоа со оглед на структурата на нашата економија и по примерот на Хрватска, Унгарија и други земји користевме општ став во однос на секторите, но притоа само тие што се поголемите компании и за добивка на 20 проценти. Така што, мислам дека со ова се дава една основа за солидарно да се поддржи буџетот, од кој во овие три години од КОВИД кризата па навака скоро 2 милијарди евра се потрошени за таа намена. ..Овој закон кој е вонреден, еднократен се однесува токму за таа намена да се даде поддршка во овие услови кога финансиските пазари се прилично скапи и зошто наредните генерации да ги оптовариме со заем и со камати кога можеме вака на начин – комунициран претходно да се поддржи стопанството, односно дирекно со мерки за мали и средни претпријатија и за граѓаните кои веќе по неколку основи се поддржани во однос на енергетската криза. Само по основ на ДДВ-то околу 70 милиони евра досега се дадени, рече Бесими.

Пред почетокот на дебатата пратеникот Милошоски, упати забелешка до претседавачот со Комисијата Арта Биљали-Зендели што при гласањето по предлогот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ гласале вкупно 16 пратеници, а комисијата брои 15 члена.

-Сметам дека вакви грешки кога се носат сериозни одлуки не се дозволиви, особено не за вакви контроверзни прашања каде што целта е оние кои што плаќале данок, да плаќаат уште повеќе на сметка на оние што не платиле и нема да платат ни во иднина, вели Милошоски.

Биљали, пак, оцени дека забелешката на Милопоски е тенденциозна.

-Тоа е техничка грешка, должноста за броење на гласовите е на службите, а не на претседавачот на Комисијата, рече Билали Зендели.

Би можело да ве интересира

УЈП ќе ги објави компаниите од нафтениот бизнис кои затајувале данок

Градоначалникот Ибраими се пофали дека арачиновци плаќаат данок: Општината веќе не е „црна овца“

Александар Тодески

Бугарија ги укинува таксите за транзит на рускиот гас кон Србија и Унгарија

A1on

Ковачевски на Денот на даночници: Со ефикасен даночен систем и позитивни политики ја обезбедуваме финансиската стабилност на државата

Предраг Петровиќ

Џафери не ја стави на гласање Декларацијата на Левица за Палестина оти не била преведена на албански

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила