Во Илинден отворена изложбата на наградените уметници на „Artist on globe“

Од:

Изложбата на ликовните уметници Живка Коцева Караџовска, Новица Трајковски, Беди Ибрахим од Македонија и Олга Панкина од Русија е отворена во Домот на култура „Илинден“ во општина Илинден.

Како што информира општина Илинден, изложбата „Водата-извор на животот“ и „Гениј Никола Тесла“ е дел од манифестацијата „Artist on globe“ што се одржа во Водице, Хрватска, по повод Светскиот ден на водата. 

Љубителите на уметноста на изложбата можат да видат 30-тина дела.

Живка Коцева Караџоска ја прими Гран при наградата за интернационалниот проект „Никола Тесла“, како и наградата за посебен придонес во ликовната уметност и учество во организацијата на изложбата на манифестацијата „Artist on globe“. Новица Трајковски доби награда за пејзажно сликарство, Олга Панкина од Русија награда за апстрактно сликарство, Меланиа Барбулеску од Романија награда за млад артист и Беди Ибрахим, награда за експериментално цртање.

Изложбата ќе биде отворена до крајот на овој месец.

Би можело да ве интересира

Вооружен грабеж на банка во Илинден, одземена е голема сума на пари

Александар Тодески

Мигрант пронајден мртов на железничка станица Илинден – починал од струен удар

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Илинденското востание е врвен аманет

Горан Наумовски

Коцарев: Идентитетството не смее да се доведе во прашање – нам насушно ни треба трет Илинден

СДСМ поднесе Декларација за најголемиот македонски државен празник Илинден

Општина Аеродром: Аеродромци ја испратија 45-та Илинденска коњаница кон Крушево