Мумифицираниот свештеник кој неодамна е пронајден во Монголија ги изненади пронаоѓачите но и целиот свет, бидејќи будистичките свештеници тврдат дека тој всушност е жив.
Тој е пронајден во поза на „лотос“ и иако научниците веруваат дека е мртов, свештениците велат дека е во состојба на длабок медитативен транс, пренесе „ВВС“.
Моментално во тек се детални форензички истражувања, а се претпоставува дека станува збор за Даши Дорзо Итигилов, кој што е роден во 1852 година.
За научниците се уште е мистерија како телото на свештеникот е добро сочувано, а се верува дека за тоа се заслужни студените зими во Монголија и длабокиот транс.
Бери Керзин, физијатар на тибетанскиот духовен лидер Далај Лама вели дека свештеникот е во многу ретка медитативна состојба позната како „тукдам“.
-Доколку оној кој медитира остане подолго време во таа состојба, тој станува Буда- вели Керзин.
Е. Г.