Илјадници Руси чекаат повеќе од 16 часа за влез во Монголија

Од:

Илјадници државјани на Русија со часови чекаат да влезат во Монголија во обид да ја избегнат мобилизацијата.

dobivaj vesti na viber

Според очевидци, Русите чекаат повеќе од 16 часа за да влезат во Монголија. Поединци тврдат оти тоа им е „единствен избор“, откако рускиот претседател Владимир Путин најави „делумна мобилизација“ на 300.000 резервисти.

Монголија, што речиси целосно е зависна од руските нафта и гас, официјално има неутрален став за конфликтот во Украина.

Русија преговара за нов инфраструктурен проект за испорака на гас за Кина преку Монголија. Минатиот месец, монголскиот претседател Укнагин Куреслук во Узбекистан се сретна со претседателите на Русија и Кина, Владимир Путин и Си Џинпинг, за плановите поврзани со гасоводот, чија изградба ќе започне во рок од две години.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Струјата се врати во Киев по четири дена

Ана Ололовска

Шефот на НАТО ја пофали германската поддршка за Украина пред средбата во Букурешт

Ана Ололовска

Русија не е сериозно ослабена од војната во Украина, тврди естонскиот министер за одбрана

Ана Ололовска

Британскиот премиер: Верувам во слободата

Ана Ололовска

Кадиров се заканува: Ќе ги победиме сатанистите

Ана Ололовска

Во Киев од денеска снег, на жителите им е ветено дека ќе имаат струја најмалку 4 часа дневно

Ана Ололовска