Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Од:

Египет денеска изложи колекција од антички артефакти стари 2.500 години, а официјалните лица велат дека предметите неодамна биле откриени во познатата некропола Сакара, недалеку од Каиро.

Артефактите се изложени на импровизирана изложба во подножјето на пирамидата Џосер во Сакара, 24 километри југозападно од главниот град на Египет.

Мостафа Вазири, шеф на Врховниот совет за антиквитети, рече дека се пронајдени 250 насликани саркофази со добро сочувани мумии, како и 150 бронзени статуи на антички божества и бронзени чамци користени во ритуалите посветени на божицата на плодноста Изида од египетската митологија.

Сите предмети датираат од периодот околу 500 години пред раѓањето на Христос, објави АП. Изложена е и бронзена статуа без главата на Имотеп, главниот архитект на фараонот Џосер, кој владеел со Египет од 2630 до 2611 година п.н.е.

Артефактите ќе бидат пренесени на постојана изложба во Новиот голем египетски музеј, чија изградба се уште е во тек недалеку од пирамидите во Гиза, во близина на Каиро.

Би можело да ве интересира

Антички град на Маите откриен во мексиканската џунгла

Предраг Петровиќ

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Ана Ололовска