Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Од:

Археолошкото одделение на НУ Музеј Куманово заврши со овогодишното истражување на локалитетот Градиште-Бислим кај селото Пчиња, соопштија денеска надлежните од националната установа.

dobivaj vesti na viber

Истражувањата ги потврдиле минатогодишните претпоставки на кумановските арехолози дека на оваа локација има црковна градба.

При ископувањата бил откриен олтарниот дел на црквата. Подот на црквата се наоѓа на околу 1,5 метри под денешната површина, направен од квалитетно изработена тула, поставена на малтерна или глинена подлога. Според досегашните показатели, се работи за градба долга околу 20 метри и широка речиси девет метри.

– Она што е интересно, се откриените фази на градење и доградување на црквата. Според поставеноста на фрагментарно сочуваната фреско декорација, видливи се две фази на градење (доградување) на самата црква, во кои подното ниво се издигнало на речиси два метри во висина. Ова говори за интензивна градителска дејност, но и за подолг временски период на користење на црквата. Првичните показатели се дека црквата била градена во петтиот век и дека егзистирала и во раниот среден век, што секако треба да се потврди со идните истражувања, изјави раководителот на ископувањата, Дејан Ѓорѓиевски.

Црквата е поставена на самиот источен крај од тврдината, во непосреден контакт со бастионот на утврдувањето, што според Ѓорѓиевски има симболично значење – со тоа жителите на населбата сакале да ја заштитат тврдината од нападите, преку директно инволвирање на Божјата моќ во заштитата. Со ископувањето, освен претходно познатата правоаголна и петоаголна кула, е откриен кружен бастион во челото на тврдината, односно на нејзиниот најистурен дел.

– Ископувањата покажуваат дека тврдината во Бислим воопшто не била краткотрајно воено утврдување – напротив, се работи за поголема населба во и надвор од тврдината, која егзистирала подолг временски период. Со оглед на тоа што северно од Градиште – Бислим постои уште едно помало утврдување од истиот период, јасно е дека по течението на Пчиња, дури и во навидум непристапната клисура, минувал значаен антички пат преку кој од северните делови на Балканот најбргу се пристигало на т.н Виа Аксиа, односно на Вардарскиот пат, а понатаму и кон богатите антички центри на југ, изјави Ѓорѓиевски.

Ископувањата се целосно финансирани од Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Статуи на Афродита и Дионис откриени во Турција

Ана Ололовска

Архелошоки наоди во Стибера, откриена агора, мермерна биста и артефакти

А1он

Археолошки сознанија: Трескавец култно место со голема античка населба

Ана Ололовска