ВИДЕО: Културно историски знаменитости во Охридското Езеро

Од:

Нуркачите од Нуркачкиот Центар АМФОРА од Охрид во соработка со Завод и Музеј Охрид успешно го реализира проектот „Културно историски знаменитости во Охридското Езеро3.

Во Музејот на вода е поставена информативна табла каде што со скенирање на QR код туристите ќе можат да го погледаат видеото и да се запознаат со Подводното културно наследство во Охридското Езеро.

На видеото направен од нуркачите на АМФОРА може да се видат Подводниот археолошки локалитет Плоча Миќов Град, Покрај населбата, во близина на локалитетот на 18 метри длабочина поединечни наоди на цели и фрагментирани покривки Лаконски тип на тегули кои како градежен материјал се употребувале во периодот од 6-ти век пр.н.е. па се до 7-ми век наша ера, како и складишни садови – питоси на 5, 34 и 45 метри длабочина, кои според карактеристиките датирани се во периодот на доцната антика (V – VI век, н.е).

Проектот е финансиран Од Општина Охрид и одделението за Туризам и локален економски развој.

Би можело да ве интересира

Накитена подводната новогодишна елка во Охридското езеро

Охридското Езеро од албанска страна годинава порибено со 1,7 милиони подмладок пастрмка

Ана Ололовска

77-годишен човек се удави во Охридско езеро

Катерина Павлова-Николовска

Се запали скутер во Охридско Езеро, за среќа нема повредени

(ВИДЕО) Несекојдневна појава: Торнадо преврте чамец во Охридско езеро

Катерина Павлова-Николовска

Маж се удавил во водите на Охридско Езеро

Горан Наумовски