(ВИДЕО) Граѓаните од три општини ќе можат да учествуваат во креирање политики во областа на културата

Од:

Фондацијата Отворено оптшество – Македонија во соработка со Центарот за развој на локалната демократија презентираа проект „Граѓанско учество за локална демократија“, со кој граѓаните преку граѓанските организации ќе можат да учествуваат во креирањето на политики во областа на културата во општините Струга, Струмица и Центар.

Проектот граѓанско учество за локална демократија го имплементира Фондацијата Отворено општество Македонија во соработка со нашиот партнер, Центарот за развој на локалната демократија, рече проектниот кординатор на ФОOМ, Јулијана Караи.

– Станува збор за стремеж да се овозможи активно учество на граѓанските организации во процесот на креирање политики во областа на културата и учество на имплементација на истите, имајќи предвид дека граѓанските организации се една многу значајна алка во демократијата, а сето тоа би придонело кон поквалитетни општински услуги. Во рамките на протектот, ќе се изготват стратегии за култура и акциски планови за нивна имплементација, така што понатаму граѓанските организации ќе учествуваат во повик за добивање грантови за јакнење на нивните капацитети, а и за имплементација на тие акциски планови, рече проектниот кординатор на ФОOМ, Јулијана Караи.

Координаторот на финансии и грантови на Фондацијата Отворено општество – Македонија, Гордана Мирчиќ, истакна дека критериумите и повикот ќе бидат објавени во ноември на веб страната на ФООМ, како и на страната на проектот www.cpc.mk, каде граѓанските организации ќе можат да видат кои се критериумите за учество во грантовите. Таа нагласи дека ќе бидат доделени три грантови во Општина Центар, три во Струга и три во Струмица.

– Овие мали грантови ќе бидат во износ од 9 и пол до 10 илјади евра и ќе се доделат на оние граѓански организации кои што ќе понудат иновативни решенија во однос на културата, кои што имаат цел да ги зајакнат капацитетите на граѓанските организации, како и да имплементираат локална стратегија за култура. Би сакале да ги поттикнеме граѓанските организации од областа на културата да не следат на нашата Фејсбук страна и нашата веб страна со цел да го видат повикот кој што ќе биде распишан некаде во месец ноември оваа година, со кој се поттикнуваат граѓанските организации да спроведуваат проекти во областа на културата во времетрање од 6 месеци, од декември 2016 до мај 2017 година, рече Мирчиќ.

Проектниот координатор на Центарот за развој на локална демократија, Нада Насева кажа дека со проектот се стреми да овозможи на граѓанското општество да учествува во иницијативи со кои ќе се развие партиципативната демократија на локално ниво.

– Овој проект всушност треба да создаде средина во која граѓанските организации ќе можат да бидат дел од процесот на донесување одлуки и креирање на локалните политики, креирање на јавното мислење во областа на културата со што граѓанското учество ќе се зголеми и истите ќе можат да делуваат проактивно. Една од целите е да се зголеми капацитетот на граѓанските организации во вмрежувањето и развојот на партнерствата со локалните власти и други клучни чинители на локално ниво, рече Насева.

Би можело да ве интересира

Поднесено обвинение за Мерко: Назначил в.д директор на училиште кое не ги исполнувал условите

Орце Костов

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Тешка сообраќајна несреќа во Струмица, повредени неколку лица

А1он

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов