Шопен под отворено небо со Дино Имери

Од:

Македонскиот пијанист Дино Имери денеска на пладне во Градскиот парк, кај Школка ќе одржи рецитал на кој ќе изведе дела од полскиот композитор Фредерик Шопен.

Организатор на рециталот е Амбасадата на Република Полска во земјава по повод Денот на уставот.

Дино Имери ќе ги изведе најпознатите пиеси за пијано од еден од најголемите композитори на сите времиња: Балада бр.1 оп.23, во g-moll, Grand Valse Brillante оп.34 бр.1, во As-dur, Валцер оп.64 бр.2, во cis-moll, Валцер оп.64 бр.1, во Des-dur -„Минутен“, Ноктурно оп.20, во cis-moll, Скерцо бр.2 оп.31, во b-moll, Мазурка оп.17 бр.4, во a-moll и Полонеза оп.53, во As-dur – „Херојска“.

– Идејата е и Скопје да се придружи на традицијата на реализирање на концерти на отворено какви што се случуваат во Полска, близу Варшава, токму кај споменикот на Шопен и неговото родно место, од страна на врвни, светски пијанисти. Целта е постојано да живее творештвото на овој музички гениј кој светот го направи подобро место за живеење, соопшти организаторор.

Настанот е бесплатен.

Би можело да ве интересира

Љутков во Охрид: Културното наследство во очајна состојба

Во Белград маестрален концерт на дуото Влатко Стефановски и Васил Хаџиманов

Концерт „Најдоброто од Копров” на „Скопско лето“

Концерт на хрватската танцова група „Пријатели на Израел“ на „Скопско лето“

Изложба на кинеска калиграфија отворена во Велес

Во Прилеп завршува МТФ „Војдан Чернодрински“