Тешка сообраќајна несреќа во Струмица, повредени неколку лица

Од:

На 12.04.2024 во 16.30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на крстосницата од улиците „Климент Охридски“ и „Братство – Единство“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шевролет“, управувано од В.Б.(77) од Струмица и товарно возило „фиат“, управувано од К.Л.(45) од Струмица, двете со струмички регистарски ознаки, се вели во Билтенот на МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на товарното возило К.Л., а со телесни повреди се здобиле возачот В.Б. и сопатникот во патничкото возило Г.Б.(75), констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат