Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Од:

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари-во селото Иловица, каде пожарот се приближил на само 100 метри до првите куќи и во село Колешино каде изгоре погон за обработка на картон.

Според објавата на ТППЕ Струмица, вчера во периодот од 14:00 до 15:00 часот избувнал пожар во атарот на село Иловица, на само стотина метри од првите куќи.

-Огнот зафати поголема површина со сува трева и грмушки и беснеше околу 2–3 часа. На терен интервенираше екипа на ТППЕ Струмица со едно навално возило-цистерна и едно теренско возило, а во гаснењето активно се вклучи и месното население со лопати, канистри со вода и земјоделски прскалки, се наведува во објавата на пожарникарите.

Според објавата на градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев намерно предизвикан пожар ќе направел катастрофа во село Иловица. Благодарение на брзата реакција на голем број граѓани, противпожарната служба и МВР, пожарот е изгаснат.

-Местото каде е подметнат пожарот е утврдено, гранките се сечени со секира, најдена е запалка. Многу докази за намерно предизвикување на пожар, објави Манчев.

Пожарот успешно беше локализиран, а помогнал и дождот кој вчера попладне го зафати струмичко.

Вчера околу 17:30 часот избувнал пожар и во село Колешино, во погон за обработка на картон.

-На терен беа ангажирани 5 против пожарни возила и 14 пожарникари, кои со брза и координирана интервенција успешно го ставија пожарот под контрола и успешно го локализираа. На терен е оставено дежурно против пожарно возило со пожарникари-спасители, информира од ТППЕ Струмица.

Би можело да ве интересира

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

Берово утрово најстуден град во земјава, измерени минус 1 степен

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство

(ФОТО) Татко и син живи ќе изгореа во пожар во куќа во Белград – спасени во последен момент

А1он

Ѓорѓиевски: По повеќегодишен застој и стагнација ја завршуваме изградбата на клучката кај Момин Поток