Шведската амбасада со штанд за литература за деца на Саемот на книга

Од:

Амбасадата на Шведска во рамки на Саемот на книгата ќе организира серија настани поврзани со шведската литература за деца и заштита на правата на децата во согласност со Конвенцијата за заштита на правата на децата на Обединетите нации.

Во деновите од Саемот на книгата, од денеска до 10 април, на детското ќоше на штандот на Амбасадата во халата 1, најмладите ќе може да се дружат со јунаците од приказните од шведските книги за деца, ќе можат да цртаат и да се забавуваат.

Организирани посети од основни училишта и градинки ќе има од вторник до петок со организирано читање на македонски јазик (среда и петок) и на албански јазик (вторник и четврток). Во останатото време како и за време на викендот читањата ќе бидат отворени за посетители.

На 7 април во Бизнис-салата на Скопскиот саем, Амбасадата ќе организира панел-дискусија на тема „Детската литература во Шведска и Македонија и правата на децата во согласност со Конвенцијата на правата на децата на ОН“.

Учесници во дискусијата се Јохан Палмберг, правнук на Астрид Линдгрен, политиколог и член на АЛМА – фондација која секоја година ја доделува престижната меморијална награда за детска литература „Астрид Линдгрен”, и Билјана Црвенковска, писателка на книги за деца и уредник.

– Шведската детска литература по многу нешта е специфична. Таа не само што е забавна, туку и на јазик разбирлив за децата тематизира прашања од значење за децата, прашања кои честопати возрасните не знаат како да ги одговорат или објаснат. Шведската детска литература ги проблематизира и демистифицира прашањата за насилството, смртта, задевањето, хомосексуалност, злоупотребата на дроги, разводот, и така натаму, со цел да ги едуцира и зајакне децата тие да израснат во здрави, среќни и самостојни индивидуи, и го прави тоа на забавен начин, наведува Амбасадата на Шведска во Скопје.

Посочува и дека интересот за шведската литература во Македонија има растечки подем и се поголем број издавачки куќи се заинтересирани за преводи на шведските автори на македонски јазик.

Би можело да ве интересира

„Цепај сине“, купи книга и биди хуман: Ѕоф и „Арс Ламина“ во нова хуманитарна акција

Онлајн-промоција на „Почитувани бубачки и други морничави приказни“од Маша Колановиќ

Кристина Краличин добитник на првата награда на конкурсот „Il Parnaso – Premio Angelo La Vecchia”

Објавена книгата за деца и млади „Диносаурус“ од Аевар Тор Бенедиктсон

Нова книга со раскази „Деконструкција на празнината“ од Даниела Андоновска-Трајковска

Промоција на книгата „Витаминот Д и респираторното здравје“ од Татјана Јаќовска и Весна Мицевска

Ана Ололовска