„Цепај сине“, купи книга и биди хуман: Ѕоф и „Арс Ламина“ во нова хуманитарна акција

Од:

Неодамна од печат во издание на „Арс Ламина“ излезе новата хит-книга на авторот Зоран Спасов-Ѕоф насловена како „Цепај сине“.

Како и со сите досегашни изданија, така и овој пат Ѕоф и „Арс Ламина“ целосниот приход од продажбата од оваа книга ќе го донираат во хуманитарни цели.

Со средствата од оваа хуманитарна акција ќе се изгради катче за игра и детска библиотека за пациентите на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести во Скопје.

Доколку сакате да се вклучите во оваа благородна акција, купете и подарете примерок од оваа урнебесна книга на своите блиски, пријатели, колеги или деловни соработници.

Нарачајте преку е-адресата: [email protected] или во „Литература.мк“. Компаниите можат да платат и преку фактура.

Би можело да ве интересира

Хуманитарниот велеслалом Маврово 2024 годинава за поддршка на лекувањето на младиот Леонид Индов

Ацт Македонија со повик за приклучување во хуманитарната акција

Одржан вториот Ласер ран, донирани средства за лекување на малиот Леонид

Онлајн-промоција на „Почитувани бубачки и други морничави приказни“од Маша Колановиќ

Кристина Краличин добитник на првата награда на конкурсот „Il Parnaso – Premio Angelo La Vecchia”

Објавена книгата за деца и млади „Диносаурус“ од Аевар Тор Бенедиктсон