Саем на книгата во Македонска Каменица

Од:

Културно-информативниот центар „Романса” од Македонска Каменица во соработка со издавачката куќа „Антолог“ од Скопје и здружението „Надеж Норе“ од Македонска Каменица по повод денот на виното и вљубените го организира првиот мини-саем на книгата во Македонска Каменица.

Саемот беше отворен денеска и ќе биде отворен до 14 февруари, каде ќе бидат изложени над 50 дела од сите жанрови.

– На саемот ќе бидат изложени над 50 дела од сите жанрови и за сите возрасти, од познати светски писатели, меѓу кои и добитници на нобелова награда како и бестселери, информираат од КИЦ „Романса”.

Саемот, како што посочуваат, се спроведува во рамки на проектот „Да читаме заедно“.

– Целта е зголемување на читачката култура која кај населението срамежливо се зголемува, но сепак не е на нивото на кое што беше кога немаше толку развиена технологија. Планираме вакви настани повеќе пати во годината, со надеж дека целта ќе ја оствариме, информираа од КИЦ „Романса”.

Изложбата во горенаведените денови ќе биде отворена од 13:00 до 19:00 часот.

Би можело да ве интересира

„Цепај сине“, купи книга и биди хуман: Ѕоф и „Арс Ламина“ во нова хуманитарна акција

Онлајн-промоција на „Почитувани бубачки и други морничави приказни“од Маша Колановиќ

Кристина Краличин добитник на првата награда на конкурсот „Il Parnaso – Premio Angelo La Vecchia”

Објавена книгата за деца и млади „Диносаурус“ од Аевар Тор Бенедиктсон

Нова книга со раскази „Деконструкција на празнината“ од Даниела Андоновска-Трајковска

Промоција на книгата „Витаминот Д и респираторното здравје“ од Татјана Јаќовска и Весна Мицевска

Ана Ололовска