Прилеп: Со посно гравче денеска завршува Прочка

Од:

Одбележувањето на карневалот, како и секоја година, завршува денес, со ручек од посно гравче кое го даваат „Прилепските мечкари“. Тоа е традиција и секоја година се одржува во некој верски објект, каде касапите се молат за прошка на своите гревови, а потоа се служи ручекот со посен грав кој претставува вистински специјалитет, зашто е подготвен само на масло, без вода.

„Традиционално еснафот од касапи го организира посниот ручек, поминавме добро и оваа година и успешно го затворивме 16-тиот по ред карневал „Прочка 2017“, посочи Ванчо Георгиев, претседател на здружението „Прилепски мечкари“.

Според градоначалникот Марјан Ристски оваа е вековна традиција, а всушност традицијата на мечкарите започнала токму од касапите, ние како град и општина Прилеп им даваме максимална поддршка не само на карневалот туку и на ова традиционално дружење“, посочи градоначалникот Ристески во својата изјава.

Сношти беа доделени и наградите на Меѓународниот карневал „Прочка 2017“. Во продолжение Ви ги приложуваме истите со слики и текст:

Наградени детски маски:

ДЕТСКА ТРАДИЦИОНАЛНА МАСКА:
„Плашило за на бостан“- ОУ „Рампо Левката“
„Весели ежиња“ – Крушево
„Лош дедо бре“ – ОУ „Климент Охридски“

ДЕТСКА СОВРЕМЕНА МАСКА:
„Веселиот танц на Пигмејците“ – ОУ „Блаже Конески“
„Вежтерки“ – танцов клуб Зодијак
Флинстонс – ОУ „Климент Охридски“

ДЕТСКА ТЕАТРАЛНА МАСКА:
„Древен Египет“ – ОУ „Кочо Рацин“
„Господарки на традиционалното јапонско време“ – ОУ „Добре Јованоски“
„Пантомимичари“ – ОУ „Кире Гаврилоски –Јане“

Награди за возрасните учесници:

ТРАДИЦИОНАЛНА МАСКА
„Чума„ – СОУ „Ѓорче Петров“
„Орашачки џаламари“ – Куманово
Илинденско востание – Мокриево

СОВРЕМЕНА МАСКА
„Карневал“ – Зодијак
„Разиграни вонземајни и роботи“ – СОУ „Ристе Ристески Ричко“ и „Кузман Јосифоски – Питу“
„Сонце и месечина“ – СОУ Гимназија „Мирче Ацев“

ТЕАТРАЛНА МАСКА
„Астерикс и Обеликс от Прилеп“ – Прочкари
„Курјачки Времеплов“ – Куратица
„Девојчето и сениште“ – СОУ „Орде Чопела“

Најмаска – „Хавајски палми“ во Прилеп од ОУ „Климент Охридски“

Би можело да ве интересира

Петмесечно бебе со голема кашлица хоспитализирано во Прилеп

Вандали уништиле мермерни плочки околу спомениците – Урни во Могилата на непобедените во Прилеп

Четири работнички од Непал му избегале на газдата во Прилеп, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Градско поради сообраќајка

Жена од Прилеп се заканувала дека ќе запали кафеана

Горан Наумовски

Одрон на патот Прилеп – Витолишта, сообраќајот се одвива отежнато

А1он