„Преспаленд 2021“- прв фестивал на традиција и историја во Преспа

Од:

Со одбележување на првиот час по македонски јазик, во старото училиште „Димитар Влахов“, во селото Љубојно, в сабота ќе почне првиот мултимедијален фестивал на традицијата и историјата во Преспа „Преспаленд 2021“.

Посетителите, како што информира организаторот, ќе имаат можност да ги вкусат традиционалните, преспански рецепти на локацијата на старото училиште во Љубојно, а настап ќе имаат музичката група Перија и виртуозот на канон и саз, Џенгиз Ибрахим. Посетителите ќе имаат можност да слушнат поезија од Елена Пренџова, Игор Трпчески-Трпе, Марија Грубор и Горазд Китаноски-Кени од Поетри слем Македонија.

На плажата „Сливница“, в недела концерти ќе имаат дуото Дац и Александар и Владо Јаневски.

Во рамки на фестивалот, во наредните три месеци се организираат едукативни работилници, спортски активности, традиционални и вкусни локални приказни, музички настапи, а најавени се и многу сценски изведби и изложби.

Организаторот најавува посета на шест села, со 11 настани, како и време поминато во природа и разубавување на 11 локации.

Би можело да ве интересира

Серија земјотреси го тресат преспанскиот регион

А1он

Силен земјотрес ноќеска ги вознемири граѓаните на Преспа

Орце Костов

Поради реконструкција на дистрибутивната мрежа, Ресен и Преспа утре 10 часа без струја

Локализиран пожарот во националниот парк „Преспа“

А1он

Голем пожар во националниот парк „Преспа“ кај Пустец

А1он

Македонски филмови, Љубојна и Слаткаристика овој викенд на „Преспаленд”

Ана Ололовска