Локализиран пожарот во националниот парк „Преспа“

Од:

Локализиран е големиот пожар во националинот парк „Преспа“, општина Пустец, на врвот на планината „Остоја“, местото наречено Пирамида 10 на границата со Грција, кој претставуваше опасност за најблиските населени места.

Според агенцијата Балкан веб, пожарот зафатил над 10 хектари високо стеблеста шума, од кои седум биле целосно изгорени.

– Во гаснењето на пожарот беа вклучени сили од двете земји, Албанија и Грција. Повеќе од 100 пожарникари од Пустец, Корча и Девол, а од грчката општина Преспа, два помали авиона, 50 пожарникари и седум противпожарни возила, наведува агенцијата.

Пожарот најпрво се појавил на албанска страна, во атарот на селото Церје, општина Пустец, но силниот ветер пламените јазици ги префрлил и на грчка страна, на делот кај Флорина.

Постојат основи на сомненија дека пожарот бил подметнат.

Во последните два месеца во Албанија регистрирани се над 300 пожари, уништени се илјадници хектари шума и маслинови насади, за што 29 лица се уапсени под сомнение за предизвикување пожари, 38 се бранат од слобода, додека по седум се трага

Би можело да ве интересира

ЦУК: Во изминатото деноноќие регистрирани 17 пожари на отворено, еден е под контрола

ВИДЕО: Локализиран пожарот кај штипскиот Исар, гори во Пробиштипско и во Чешиново

Пожар во близина на македонско – грчката граница во Дојран

Пет активни пожари на отворен простор низ државата, најмногу зафатена сува вегетација и ѓубре

Повторно пожар во Визбегово

Активни два пожара кај Трубарево и Опаје