Македонски филмови, Љубојна и Слаткаристика овој викенд на „Преспаленд”

Од:

На мултимедијалниот фестивал „Преспаленд”, деновиве ќе се случи Отворено кино со македонски филмови и концерти на македонски музички ѕвезди.

Во сабота, по повод одбележување на Преспанското советување, на Споменикот во Отешево под отворено небо ќе бидат прикажани филмовите „Балканот не е мртов” на Александар Поповски со почеток во 20:00 и „Џган” на Вардан Тозија со почеток во 22:00 часот.

На ден Илинден, на 2-ри август, со почеток од 20:00 часот во Амфитеатарот во Ресен, концерт ќе има еден од најдобрите македонски етно состави- Љубојна, а по нив следува акустичен концерт на Слаткаристка.

Би можело да ве интересира

Серија земјотреси го тресат преспанскиот регион

А1он

Силен земјотрес ноќеска ги вознемири граѓаните на Преспа

Орце Костов

Поради реконструкција на дистрибутивната мрежа, Ресен и Преспа утре 10 часа без струја

Локализиран пожарот во националниот парк „Преспа“

А1он

Голем пожар во националниот парк „Преспа“ кај Пустец

А1он

Започна мултимедијалниот фестивал „Преспаленд 2021“

Ана Ололовска