Серија земјотреси го тресат преспанскиот регион

Од:

Серија земјотреси кои потекнуваат од епицентралното подрачје Преспа, од кои три се почувствувани од страна на граѓаните, регистрираше во изминатото деноноќие Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Првиот земјотрес бил регистриран во 00:32 часот, со епицентар 120 километри јужно од Скопје. Земјотресот бил со Рихтерова локална магнитуда ML3.8 и интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала.

– Освен вознемиреност кај граѓаните, според првичните податоци, материјални штети не се пријавени, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Вториот земјотрес е регистриран во 1:31 часот, со епицентар 124 километри југозападно од Скопје. Земјотресот бил со Рихтерова локална магнитуда ML3.3, а со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.

Третиот земјотрес е во 1:33 часот, со епицентар 123 километри југозападно од Скопје. Тој бил со Рихтерова локална магнитуда ML2.4 и интензитет од два – три степени според Европската макросеизмичка скала.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ноќеска ги вознемири граѓаните на Преспа

Орце Костов

Пет земјотреси за два часа во Србија

Поради реконструкција на дистрибутивната мрежа, Ресен и Преспа утре 10 часа без струја

Локализиран пожарот во националниот парк „Преспа“

А1он

Голем пожар во националниот парк „Преспа“ кај Пустец

А1он

Македонски филмови, Љубојна и Слаткаристика овој викенд на „Преспаленд”

Ана Ололовска