Обнова на фасада на стара крушевска куќа

Од:

Стручни екипи на Заводот за заштита на спомениците и музеј – Прилеп интензивно работат на реконструкцијата на покривната конструкција и на фасадата на еден од најрепрезентативните станбени објекти во Крушево, куќата на семејството Важаровски лоцирана на ул. „Коча Миленку“ бр.14.

Овој станбен објект, кој претставува типичен пример на традиционалната крушевска староградска архитектура од втората половина на 19 век, со конструктивна и естетска концепција типична за крушевските куќи, во изминатиот период беше со особено нарушен изглед на надворешноста.

Со реализацијата на проектот, како што соопшти Министерството за култура, целосно ќе биде зачуван автентичниот изглед на фасадата на објектот, а ќе бидат реставрирани и живописните сликарски декорации на вториот кат од објектот на кои се претставени богато украсени зооморфни мотиви.

Во рамките на проектот, предвидена е замена на сите дрвени декоративни елементи на фасадата со што целосно ќе се вратат стариот изглед, убавината и сјајот на оваа куќа. Активностите за целосна реконструкција на овој објект е предвидено да завршат до крајот на октомври годинава.

Реконструкцијата на куќата е во рамките на проектот на Министерството за култура за обнова на објекти со автентична староградска архитектура.

Би можело да ве интересира

Уапсен 73-годишен маж од Крушево – дома му нашле дрога, оружје и пари

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски

Загинатите кај Крушево се од едно семејство – мајка и дете починаа, таткото и две деца повредени

СДСМ: Зечевиќ со млади социјалдемократи на коњички марш во Крушево

Солистички концерт на пијанистката Даница Стојанов во Крушево

Горан Наумовски

Извлечен брачен пар кој со возило заглавил во снежните наноси во крушевско

Катерина Ѓуровски