Солистички концерт на пијанистката Даница Стојанов во Крушево

Од:

Во Крушево на 28 јули 2023 година со почеток од 20 часот во НУ „Спомен куќа на Тодор Проески”, реномираната македонска пијанистка Даница Стојанова ќе одржи солистички концерт. За прв пат во Спомен куќата на Тоше Проески ќе зазвучи инструментот пијано.

За оваа прилика пијанистката ќе изведе дела од Ерик Сати, Фредерик Шопен и Томислав Зографски.

“Многу се радувам што овој концерт ќе се реализира и тоа во просторот кој што има посебна енергија и го носи името на нашиот драг Тоше Проески. Композициите кои ќе ги изведам ја прикажуваат мистичноста на Сати, поетичноста на Шопен како и неокласичната форма на Т. Зографски. Се надевам дека публиката во Крушево ќе ужива и дека со овој концерт ќе се отвори простор за настап на нашите млади уметници од класичната сцена”, вели Даница Стојанова.

Би можело да ве интересира

Настап на Дуња Иванова и концерт посветен на Кире Костов во изведба на Биг бендот на фестивалот „Крај Вардарот Џез“

Уапсен 73-годишен маж од Крушево – дома му нашле дрога, оружје и пари

АРЕА подготвени за акустичното, музичко уживање во Филхармонија

Концерт за сите љубители на класичната и фламенго музиката, со гости од САД и Полска

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Бреговиќ со порака до македонската публика

А1он