Костадиновска-Стојчевска: Општина Охрид да ја преиспита изградбата на објект во Лагадин, до конечната одлука таму да нема активности

Од:

Националната комисија за УНЕСКО денеска на седница донесе заклучок на Општина Охрид да ѝ се препорача повторно да ги разгледа активностите поврзани за изградба на објект на крајбрежјето во Лагадин, притоа водејќи се по препораките од Реактивните мониторинг мисии на советодавните тела на УНЕСКО и одлуките на Комитетот за светско наследство и почитувајќи го Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион.

– Силно препорачуваме сите активности поврзани со овој објект да бидат ставени во мирување до конечноста на одлуката на Општина Охрид, изјави министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска по седницата на Националната комисија за УНЕСКО.

Исто така, на Општина Охрид ѝ се препорачува, рече министерката, да ја поништи Одлуката за начин на спроведување на постојните урбанистички планови и ж урбанистичко плански документации и донесување нови урбанистички планови и урбанистички проекти, како и за начинот на водење на постапките за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, број 08-17370/61 од 22 декември 2022 година и да донесе нова Одлука која ќе биде во согласност со Законот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион и со Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион, имајќи предвид дека во Законот управувањето со светското природно и културно наследство е од јавен интерес.

– Во новата Одлука Општина Охрид треба да има предвид дека Законот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион не предвидува исклучоци како што е наведено во членот 4 од Одлуката за начин на спроведување на постојните урбанистички планови и урбанистичко плански документации и донесување нови урбанистички планови и урбанистички проекти, како и за начинот на водење на постапките за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, број 08-17370/61 од 22 декември 2022 година, рече Костадиновска-Стојчевска.

Би можело да ве интересира

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска

Протест на вработените во Македонска филхармонија: Што поскоро да се најде решение за проблемот и да се надмине оваа надреална ситуција

Ана Ололовска

Јапонскиот амбасадор ќе го отвори Нихон-џи 2.0 со музички настап

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Нови снимки од студентите во Охрид: Ги симнуваат лустерите и пијат од нив, фрлаат прозорци од апартманот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Студенти од Загреб и Србија демолираа хотел во Охрид

Горан Наумовски

Во Охрид наредните денови посебен сообраќаен режим и засилени безбедносни мерки