Импресивна втора вечер на „Џез фестивалот“ во Прилеп

Од:

Втората вечер, синоќа, на годинашниов седми по ред „Џез Фестивал“ во Прилеп понуди уште една ноќ за паметење за љубителите на џез музиката. На сцените во Домот на културата „Марко Цепенков“ публиката ги проследи настапите на бендот на Васил Хаџиманов, на грчкиот „Палете Ансамбл“ предводен од саксофонистот Сократис Вотскос, како и на Јордан Костов и интернационалниот состав „Шангај Интенс“. Познатиот џезер Јордан Костов, истакна дека прекрасно се чувствува на џез-сцената во Центарот за култура „Марко Цепенков“, на која настапува прв пат.

– Публиката има можност да ужива во различниот репертоар на бендови кои ќе го дадат својот максимум. Станува збор за интернационален фестивал и секој еден од нас си носи свои орнаменти од каде доаѓа. Порачувам да уживаат во „Џез фестивалот“ во Прилеп, рече Костов.

Публиката не ги криеше импресиите од двете фестивалски вечери. Некои за прв пат доаѓаат на фестивалот со уверување дека ќе бидат редовни посетители.

Денеска, на третиот и последен фестивалски ден ќе настапат познати џез имиња: Јаков Дренковски, францускиот бенд „Ле Бал Пури“ и српскиот бенд „Деца Лоших Музичара.

„Џез викендот“, кој е во организација на општина Прилеп и кој станува препознатлив бренд го презентира интернационалното џез – музичко творештво пред прилепската публика, со основна идеја за поинаков урбан Прилеп и заложби за следење на вистинските светски културни вредности.

Би можело да ве интересира

Петмесечно бебе со голема кашлица хоспитализирано во Прилеп

Вандали уништиле мермерни плочки околу спомениците – Урни во Могилата на непобедените во Прилеп

Четири работнички од Непал му избегале на газдата во Прилеп, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Градско поради сообраќајка

Жена од Прилеп се заканувала дека ќе запали кафеана

Горан Наумовски

Одрон на патот Прилеп – Витолишта, сообраќајот се одвива отежнато

А1он