Премиерот Курти во ненајавена посета на Тирана

Од:

Косовскиот премиер Албин Курти попладнево пристигна во ненајавена посета на Тирана. Во владината вила во Тирана тој има средба со албанскиот премиер Еди Рама, кој пристигна кусо пред него.

Официјално не е познато која е причината за оваа итна средба, јави допсиничката на МИА од Тирана.

Според медиумите, една од причините е обраќањето на Рама пред Советот на Европа деновиве, во врска со извештајот на Дик Марти против кого Албанија има доставено резолуција. Друга најверојатно се кибер нападите на владините институции на двете земји.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Молотови коктели на протест во Тирана

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски